Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Брз и вкусен овошен колач

Ќе бидете изненадени од неколкуте минути кои ќе ги вложите кога ќе резултираат со вкусно, егзотично колаче. Со само неколку состојки и малку креативност ќе го имате најубавиот десерт кој некогаш сте го пробале. Посебно ако сте љубители на овошјето, оваа пролет ќе имате еден начин плус како да се почестите себеси и најблиските.

brz-i-vkusen-ovosen-kolac-01

Состојки кои ви се потребни за 1 колаче:

  • 3 лажици бело брашно
  • ¼ лажичка цимет
  • ¼ лажичка прашок за печиво
  • 2 лажици бадемово млеко (може и обично)
  • ¼ лажичка ванила
  • ½ лажица мед
  • ½ лажица меласа (не е неопходно)
  • 1 прстен ананас
  • 1 јагода за декорација која може да ја замените со било какво овошје по желба


Измешајте го брашното, циметот и прашокот за печиво. Додадете го млекото, ванилата, медот и меласата. Мешајте додека не се соедини.

Прстенот од ананас ставете го на дното на чинивчето за печење, а потоа претурете ја смесата.

brz-i-vkusen-ovosen-kolac-03

brz-i-vkusen-ovosen-kolac-04

Печете 15-20 минути на 350 степени.

brz-i-vkusen-ovosen-kolac-05

Откако колачето ќе се испече, превртете го на рамна чинија, со долниот дел нагоре за да се гледа прстенот од ананас. Декорирајте со јагода како на сликата или пак по своја желба прелијте со топено чоколадо, шлаг пена и многу овошје.

brz-i-vkusen-ovosen-kolac-06

brz-i-vkusen-ovosen-kolac-07

Би можело да ве интересира:

„Дечко ми ме побара за жена со прстен од 38 долари, а заработува 200.000 годишно - му кажав дека не ... „Ми се допадна прстенот, но кога видов дека го порачал од онлајн продавницата Te...
12 фотки поради кои ќе посакате да врескате од нервоза „Ѝ кажав на сопругата дека може да изеде пола од моите јагоди - секоја јагода е ...
Пица, шпагети: Храна која нам ни е секојдневие, но била егзотична за нашите баби и дедовци „Баба ми ми раскажуваше за моментот кога првпат пробала пица – имала околу 40 го...
Емотивни фотки: Дечиња без родители на кои им се исполнила најголемата желба - да бидат посвоени Сингл маж кој посвоил девојче со Даунов синдром, пар кој посвоил пет браќа и сес...
6 работи што им се познати само на силните и независни жени Никогаш не барате помош и генерално сакате да бидете сами бидејќи вистински ужив...
Идеи што да правите кога надвор врне (за да не ги поминете деновите во досадување) Направете си домашен пикник со ќебиња и вкусна храна со партнерот или пријателит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg