Најраскошниот лондонски хотел

Хотелот „Corinthia“ лоциран во Лондон, претставува современ дворец во центарот на градот. Отворен е 2011 година и познат е по големиот број на луксузни апартмани и пентхауси дизајнирани со многу стил и елеганција. Класичната британска естетика и богато наследство на самата зграда, идеално се спојуваат со овој хотел, кој се наоѓа во близина на битни знаменитости во Лондон.

najraskoshniot-londonski-hotel-3

Хотелот кој веќе има 5 ѕвездички и понатаму руши рекорди. Од терасите на овој хотел се открива простран видик на реката Темза и целиот град.

Просторот во секој од апартманите е поделен на два ката, со прекрасни спирални скалила кои ги спојуваат. На едниот кат се наоѓа соба со камин, спална соба со сопствена бања и гардероба, сопствен бар, кујна, гостинска соба, wellness соба, тераса со удобен мебел и уште една спална соба.

Овој хотел има и специјален лифт кој ги води гостите директно во собата. Предворјето е кружно и целосно изработено од мермер, а ѕидовите се украсени со огледала. Подовите во собите се направени од дабово дрво и се прекриени со меки теписи. Не се изоставени ни деталите во форма на цветови, бои и прекрасни постелнини кои оддаваат впечаток на дом и топлина.

Благодарение на панорамските прозорци, во апартманите има постојано природна светлост, која паѓа на рачно изработениот мебел.

Во сите простории висат грандиозни лустери, а телевизорите се направени така што кога не работат претставуваат огледала. Креветите се со удобност на кралска постела.

najraskoshniot-londonski-hotel-8

najraskoshniot-londonski-hotel-11

najraskoshniot-londonski-hotel-12

najraskoshniot-londonski-hotel-2

najraskoshniot-londonski-hotel-1

najraskoshniot-londonski-hotel-13

najraskoshniot-londonski-hotel-14

Уште 10 фотографии на следната страна...



Би можело да ве интересира:

11 чудни и (скоро) неупотребливи дизајни, што ќе ве насмеат Кревет закачен на ѕидот, прекинувач за фен во бањата „скриен“ скоро на таванот в...
Жена со месеци ѝ праќала вулгарни пораки на ќерка си од скриен број: Приказната зад хит документарец... Повеќе од една година, тинејџерка и нејзиниот дечко добивале вознемирувачки, вул...
Стаклена туш кабина во соба, ТВ над врата на тоалетот - 14 хотели кои како да сакаат намерно да ги и... „Моите родители престојуваа во хотел во кој требаше да добијат и појадок. Секое ...
„Пред и потоа“ фото-споредби што ќе ве мотивираат да направите генералка (пред да дојде зима) „По тежок период во животот, станот ми беше хаос. Чистев осум часа“. „По тежо...
Инфлуенсерка сподели грозен хотелски трик – перење долна облека во кафемат, се соочи со критики (вид... Инфлуенсерка се соочи со куп критики, а се шпекулира дека добила тужба од хотел,...
Фото-компилација: Како изгледале главните градови на земјите ширум светот пред повеќе од еден век? Поради впечатливата архитектура, можеби лесно би го познале Лондон на фотка од п...

Најчитани неделава