7 нешта кои треба да ги запомните кога ви е тешко

Кога се чувствувате беспомошно и повредено, потсетувајте се на вашите позитивни нешта и вредности. Обидете се полесно да ја пребродите емотивната болка која ја уништува вашата иднина, во само 7 едноставни чекори.

7-nesta-koi-treba-da-gi-zapomnite-pri-emotivna-bolka-01

Секојдневно повторувајте си...

Ќе се соочам

Не го третирајте проблемот како да не е присутен, не бегајте од него, исто како да не се случил. На овој начин само ќе го продолжите процесот на заздравување. Бидете храбри и соочете се. Ќе биде тешко, но со време ќе помине и ќе биде подобро.

Оваа болка е потребна за раст

Убедувајте се дека оваа болка не е толку лоша, и дека можете да ја надминете. Болката ве прави подобар и посилен човек. Запомнете дека ова е дел од животот кој мора да се помине. Луѓето можат да ве разочараат, но од вас зависи како ќе го прифатите, дали ќе дозволите да ве обземе, или само ќе станете подобар човек. Научете да ги прифаќате работите колку и да се лоши.  

Не се плашам од сопствениот страв

За да бидете храбри, потребно е да си поставите одреден став. Не би постоела храброста ако не постои некоја неизвесност, страв кој може да ве поттикне да бидете храбри и кој ќе ве води да се соочите со истиот.

Ова е привремено

Ова е вистина. Тоа низ што поминувате сигурно нема да трае вечно. Всушност може и да биде готово и за неколку дена. Се има рок на траење, како и секоја тешка ситуација во животот. На крајот може нема ни да забележите дека е конечно завршено.

7-nesta-koi-treba-da-gi-zapomnite-pri-emotivna-bolka-02

Лоши работи едноставно се случуваат

Не навлегувајте во тоа дека лошите работи се случуваат само на добри луѓе. Лошите работи едноставно се случуваат и тоа е нормално бидејќи не постои човек кој бил поштеден од ваква ситуација. Бесцелно е да се прашувате зошто. Несреќи и грешки се неизбежни во животот, а веше е да научите како да се справувате со нив.

Не треба да барам вина во никој, ниту во мене

Ако постојано обвинувате некој или себе си, дозволувате болката да се шири. Вината е пречка во преболувањето, бидејќи создава огорченост. Подобро е да простите, на другиот или на себе, и да продолжите понатаму без негативни и непотребни емоции.

Постојат луѓе кои сè уште многу ме сакаат 

Во вакви ситуации човек често се чувствува осамено. Затоа не заборавајте дека сте опколени со луѓе кои ве сакаат. Токму тие луѓе ви даваат сила да ги надминете сите пречки и проблеми. Затоа во тешките мигови не заборавајте на нив и побарајте ја нивната помош.

Би можело да ве интересира:

14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
9 работи што ги знаат само Јапонците, а ние не, и затоа се многу смирени Не прават работи со сила, веруваат дека сè се случува со причина и дека вистинск...
18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...

Најчитани неделава