Подгответе: Домашно Фереро колаче

Во овие топли летни денови, доколку имате малку слободно време, направете слатко задоволство за вас и вашите најблиски. Ви гарантираме - тешко ќе му одолеат.

domasno-fereрo-kolace-od-sonistata-02

Состојки за пандишпан

  • 5 јајца
  • 100 грама чоколадо
  • 150 грама шеќер
  • 70 грама брашно
  • Еден ванилин шеќер
  • 30 грама лебни трошки
  • 3 лажици мелени ореви
  • 70 грама путер
  • Еден прашок за пециво

Состојки за фил

  • 50 грама маскрапоне сирење
  • Пола литро слатка павлака
  • Нутела по желба
  • 100 грама грубо мелени лешници
  • 100 грама сечкани наполитанки

Состојки за прелив

  • 200 грама чоколада за готвење
  • 2-3 лажици масло
  • 1dl топло млеко
  • 4 лажица какао

Стопете ги путерот и чоколадото на пареа и оставете да се изладат. Во голем сад измешајте ги жолчките заедно со шеќерот, па додајте брашно, прашок за пециво, лебните трошки, растопеното чоколадо и белките. Пренесете ја смесата во тава и печете на 200 степени околу 30 минути.

Кога ќе се испече пандишпанот, оставете го да се олади па исечете го на три дела и преминете на подготовка на филот. Измешајте ја слатката павлака, сирењето и нутелата, ама немојте да претерувате. Во меѓувреме направете чоколаден прелив од останатото чоколадо, какао, масло и млеко.

На крај изберете соодветна чинија на која ќе го припремите колачот. Постапката е едноставна. Првиот дел од пандишпанот го премачкувате со филот и врз филот нанесувате слој од исецканите лешници и наполитанки. Над него додајте го вториот дел пандишпанот па за третиот повторувајќи ја постапката.

Декорирајте по желба, и уживајте.

 

domasno-fereрo-kolace-od-sonistata-03

Би можело да ве интересира:

Голите фотки на Меланија, пријателството на Доналд и Епстин: Скандалите од кои семејството Трамп не ... Иако денес разголените фотки како да станаа норма, Меланија се соочи со критики ...
10 интересни фотки кои покажуваат дека големината е навистина важна Знаете ли колку се всушност големи турбините на ветер и дека човек покрај нив из...

Најчитани неделава