Водич за летните фестивали

vodic-za-letnite-festivali-povekjeАко се подготвувате за некој од музичките фестивали на отворено однапред треба да знаете неколку работи што ќе ве спасат од непријатни и нервозни ситуации.

 

Следете ги следните совети и препуштете се на добрата забава и уживањето!

Носете гумени чизми
Фестивал на отворено + силен летен дожд = многу, многу кал. За да не си го уништите расположението, како ни чевлите, понесете откачени гумени чизми во кои ќе ви биде удобно дури и кога не врне. А ако заврне, нема да имате потреба да го напуштите просторот пред сцената.

vodic-za-letnite-festivali-01

Земете марама
Ако веќе мора да одите во јавно wc, наутро прснете го омилениот парфем на марамата што цел ден ќе ја носите со себе. Кога веќе мора да влезете, не мора и да ја вдишете целата фестивалска смреда - врзете ја марамата преку устата и бидете брзи!

Немојте да ја заборавите тоалетната хартија
Освен за нејзината основна употреба ќе ја примените на уште илјада и еден начин. Кога сте на отворено секогаш ќе има нешто што ќе се извалка и треба да се избрише. А наместо постојано да барате тоалетна хартија, бидете личноста од која ќе ја бараат - чуден, но во овој случај ефикасен начин на стекнување нови пријатели

Секогаш имајте влажни марамици
Како и тоалетната хартија и ханзапластот, антибактериските влажни марамици се најдобрите сопатници особено за вакви настани. Користете ги за „миење“ раце, но и лице и тело - редно е да се освежите и тогаш кога не сте покрај туш.

vodic-za-letnite-festivali-02Спакувајте џемпер
Сите знаеме дека дури и во лето навечер студот влегува во коски. Со оглед на тоа дека цел ден ќе бидете во движење и ќе се потите играјќи на омилените звуци, ноќта поминете ја со огромен топол џемпер што ќе ве спаси од настинка која може да ви го уништи патувањето.

Спакувајте ги војничките панталони
Поради џебовите, секако. Добро е сè да ви биде при рака за да не трчате до шаторот, а и ќе се чувствувате посигурно ако мобилниот и парите се скриени во некое мало тајно џепче.

Земете лосион со заштитен фактор
Колку е потребен можеби нема да забележите додека се печете, но сигурно ќе забележите откако ќе бидете испечени. Поштедете се од црвенила и лупење кожа!

Немојте да го носите вашиот iPod
Одите на концерт што значи музиката ќе ве чека таму! А освен тоа што е глупаво да трошите време со слушалки во уши наместо да се дружите ризикувате и да ви го украдат, да го скршите или да ви се намокри/извалка/расипе. Истото важи и за други предмети без кои мислите дека не можете да живеете. Оставете ги дома или ризикувајте да ги загубите засекогаш.

Откажете се од беспрекорен изглед
Нека не ве загрижува мрсната коса или препотеното чело. И онака нема многу огледала наоколу, а луѓето околу вас ќе се изненадат само ако изгледате предобро за такви услови. Опуштете се!


Би можело да ве интересира:

8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
9 луѓе кои направија вистински ремек-дела од сосема обични работи „Ќерка ми се заљуби во дизајн со жаба и печурки, па ѝ го извезав на грбот на едн...
Легендарен момент: Ал Пачино и Роберт де Ниро, пријатели и филмски икони, се појавија во емотивна мо... Најубавата реклама, видео и фотки што ќе ги видите денес - Ал Пачино (85) и Робе...
16 забавни фотографии што ќе ве изненадат како снег среде лето „Сакав да се освежам со сладолед на плажа, си купив во еден макрте и кога го гри...
Стаклена туш кабина во соба, ТВ над врата на тоалетот - 14 хотели кои како да сакаат намерно да ги и... „Моите родители престојуваа во хотел во кој требаше да добијат и појадок. Секое ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg