Колку милиони вреди светот на големиот Гетсби?

За почеток, грандиозниот замок Oheka Castle кој беше главна инспирација за дворецот на Гетсби, всушност е еден од серијата слични градби кои во почетокот на минатиот век се проценети дека вредат околу 11 милиони долари. Што значи, денес за негово купување би требало да се одвојат цели 110 милиони долари.

kolku-milioni-vredi-svetot-na-golemiot-getsbi-01

Возилото со кое Дејзи управува во моментот на несреќата, сега е ценет олдтајмер кој пред се има колекционерска вредност. Порано неговата цена изнесувала 9.500 долари, додека денес се зголемила на 398.970 долари.

Најновата екранизација ја подели филмската критика, но сите се согласија дека костимите се беспрекорни. И нивната цена не е за потценување,  исто како во минатото. Женската гардероба во минатото (долна облека, дневен фустан, вечерен фустан, капут, торба и чевли) во текот на 20 години можела да се купи за 141.14 долари, а цената на истиот комплет денес е проценета на 6.745 долари.

kolku-milioni-vredi-svetot-na-golemiot-getsbi-02

Кога се мажите во прашање, комплетот гардероба за Гетсби (бела маица, одело, кравата, кошула и чевли) во времето кога настанала чинела 103 долари, додека денес тој износ пораснал на 2.075 долари.

А, скапоцената облека не одговара без накит. Затоа, за оваа цел ангажирана била престижната куќа „Tifany & Co“ која се здоби со Оскар за костимографијата, заедно со дизајнерката Кетрин Мартин.

Чисто за споредба, комплетот дијамантски прстени со потпис на овој бренд некогаш чинел околу 4.000 долари, додека денес неговата цена изнесува вртоглави 53.000!

kolku-milioni-vredi-svetot-na-golemiot-getsbi-03

Кога ќе се пресмета уште некоја ситница која била неопходна за создавање на овој скапоцен и луксузен свет на Гетсби, се доаѓа до финалната проценка од 11.015.125 долари.

Што значи, во денешно време, ќе ви бидат неопходни околу 110.498.631 долар ако сакате да живеете на висока нога, идентично со славниот Гетсби.

Би можело да ве интересира:

Одговори на 12 прашања што сите нè мачат, низ илустрации Дали да се туширате навечер или наутро, колку често да ја менувате четката за за...
8 работи што некогаш беа норма, но денес ги гледаме како луксуз, низ илустрации Апаратите во домот траеја цела вечност и некои постари лица уште си ги користат ...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...

Најчитани неделава