4 необични начини за нега на зимските чизми

Иако оваа зима е неверојатно блага, наше омилено парче облека секако се чизмите во сите облици - високи, ниски, со потпетици, рамни...

4-neobicni-nacini-za-nega-na-zimskite-cizmi-01

Но, без разлика колку температурите се ниски или високи, тие брзо се оштетуваат. Затоа, ви нудиме 4 необични начини на кои брзо и ефикасно можете да ги негувате оваа зима.

Гребаници

Сигурни сме дека дури и најмалите гребаници знаат да ви засметаат, па доколку немате соодветно средство за нивно прикривање, доволно е да нанесете маслиново масло на мека крпа и добро да ги пребришете. Резултатите ќе ве воодушеват.

Флеки од сол

Нема ништо полошо од бели флеки на чизмите кои настануваат од солта на асфалтот. Овие флеки најлесно ќе ги отстраните со помош на оцет. Во малку вода промешајте 1 лажица оцет, па со таа течност исчистете ги чизмите.

Гребаници на лакована кожа

Дури и овој проблем не е нерешлив. На мека крпа ставете малку вазелин и нежно поминете го местото каде чизмите се изгребани.

Излитени делови на кожни чизми

Ако ова е последна сезона како ги носите вашите омилени, кожни чизми, веројатно имате потреба да ги освежите и подновите. Во тоа ќе ви помогне водата и сода бикарбоната. На мека, влажна крпа проросете половина лажичка сода бикарбона и нежно протријте ги излитените делови.

Би можело да ве интересира:

8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
10 начини на кои алфа жените поставуваат граници само со зборови „Нема да можам да го направам тоа“ - Јасно и без вина одбиваат кога нешто не им ...
„Живеам на Алјаска, каде температурите во зима се -40˚C – се греам на дрва, носам волнена долна обле... Американецот Џош Спајс веќе 16 години живее на Алјаска и за него температурите к...
10 необични фотографии кои ќе ви измамат насмевка Куче што прави откачени фаци кога го фотографираат, авион кој наликува на насмеа...
„Пред и потоа“ фото-споредби што ќе ве мотивираат да направите генералка (пред да дојде зима) „По тежок период во животот, станот ми беше хаос. Чистев осум часа“. „По тежо...
Тргнала на пат низ Америка со свршеникот, но тој ја убил и се вратил дома: Трагичната судбина на Габ... Габи Петито тргнала на патување од сништата со нејзиниот свршеник – сакале да ја...

Најчитани неделава