Распоредете ги обврските според поволните денови во седмицата

Дали понекогаш ви се чини дека со добро одбрано време и обврски може да постигнете сè во животот? Повеќето од нас ќе се согласат, барем според зборовите на еден лондонски научник, кој тврди дека не е сеедно во кои денови од седмицата водиме љубов, а кои денови одиме на шопинг.

rasporedete-gi-obvrskite-spored-povolnite-denovi-vo-sedmicata-01

Распоредете ги обврските според поволните денови во седмицата:

Понеделник

Првиот ден од седмицата за повеќето луѓе е многу стресен, па според тоа, ако некако можете, тој ден најдобро е да работите од дома или да се обидете да се организирате да работите попладне. Убаво би било кога би можеле да си дозволите понеделничка масажа, медитација, купка или што било друго што ве релаксира, за овој ден да ви стане синоним за антистресна терапија.

Вторник

Луѓето во вторник се најпродуктивни. Мозокот се враќа во форма од викендот, а сè уште не е заморен од работните обврски. Токму поради тоа, научниците советуваат дека тој ден треба да се искористи за важни обврски. Во вторник таквите задачи се решаваат многу побрзо и поефикасно.

Среда

Средата е идеален ден за љубовни состаноци. Ако првиот состанок во среда ви помине добро, имате време за опуштање пред следниот состанок за викенд, а ако не помине добро можете викендот да го искористите за излегување со пријателите.

rasporedete-gi-obvrskite-spored-povolnite-denovi-vo-sedmicata-2

Четврток

Четвртокот според тврдењата на научниците е создаден за секс. Тоа го оправдуваат со викендот кој се ближи. Полека почнува и опуштањето, а сексуалните хормони се наоѓаат на самиот врв. Меѓутоа и сексот во четврток има свое најидеално време, а според научниците тоа е утрото.

Петок

Ако сакате да се ослободите од лошите навики, како пушењето, тогаш тоа направете го во петок. Научниците велат дека петокот е најпогоден бидејќи, најчесто викендот не се работи, па има и помалку стресни ситуации кои може да го натераат човекот да посегне по некој порок.

Сабота

Ако сакате потомство, ова е идеален ден за вас. Истражувањата покажуваат дека бебињата кои се родени во сабота, во понатамошниот живот постигнуваат значаен успех. Нема логично објаснување за тоа, но забележано е дека повеќето успешни луѓе се родени во сабота.

Недела

Најдобар ден за одмор и дружење надвор од домот. Ако сакате неделата навистина да ви биде одмор, поминете го денот во друштво на блиските луѓе.

rasporedete-gi-obvrskite-spored-povolnite-denovi-vo-sedmicata-1

Би можело да ве интересира:

14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
12 луѓе кои ќе мора да ја сменат фотката на пасошот за да не изгледаат како две различни личности „Јас сум мајка на пет деца, но дури откако наполнив 40 години и по разводот, поч...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
Луѓе споделуваат необични работи кои ги виделе на летниот одмор – сигурно ќе им остане во сеќавање (... Колку пати ви се случило да видите нешто необично на одмор или на плажа? Луѓе сп...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...

Најчитани неделава