Кој е за куќа од Heineken?

„Upcycling“ е термин на 21. век смислен од страна на авторот на концептот „Cradle to Cradle“, Вилијам Мекдонах и Мајкл Браугарт, но идејата за претворање на отпадот во корисни производи заживеала на брилијантен начин уште во 1963 година со шише за пиво „Heineken WOBO“ (world bottle).

heineken-wobo-sisinja-kako-cigli-so-koi-moze-da-izgradite-kukja-01

Замислата била на пиварот Алфред Хајнекен и дизајнирана од страна на холандскиот архитект, Џон Хабракен.

„Цигла со пиво“ била појавена многу време пред еко-дизајнот, овозможувајќи им на љубителите на пиво и градежништво, подеднакво да уживаат и во пивото и во ѕидањето истовремено.

Откако Хајнекен ги посетил Карибите, забележал два проблема: плажи преполни со фрлени шишиња и недоволно достапен градежен материјал.

WOBO станала негова визија за решавање на рециклирањето и стамбениот проблем на кои бил сведок на островите.

heineken-wobo-sisinja-kako-cigli-so-koi-moze-da-izgradite-kukja-1

Финалниот WOBO дизајн доаѓа во две големини – верзии од 350 и 500 милиметри кои се наменети да се постават хоризонтално, вкрстувајќи се во ист распоред и на ист начин како циглите и малтерот.

Една тура произведени од 1963 год извадила 100.000 шишиња од кои некои се користени за изградба на мала шупа на имотот на господинот Хајнекен во Нордвијк, Холандија.

Еден од предизвиците на градењето е тоа да се пронајде начин  на кој аглите и отворите би можеле да бидат направени без да се сечат шишињата.

Наспроти успехот на првиот проект  со овие пивски шишиња, пиварата Heineken  не го поддржала  WOBO проектот, идејата била запрена. Но, подоцна е поддржана во 1975 година, кога авторот Мартин Поли ја објавил книгата „Куќа од ѓубре“ која вклучувала дел посветен на Heineken шишиња WOBO.

heineken-wobo-sisinja-kako-cigli-so-koi-moze-da-izgradite-kukja-3

Хајнекен повторно му се обратил на архитектот Хабракен кој се здружил со дизајнерот Ринусом ван дер Берх и проектирале зграда, но никогаш не ја изградиле.

Денес единствено е направена шупата на имотот на Хајнекен и ѕид направен од WОВО шишиња во Heineken музејот, но не е точно пребројано колку останале и каде се наоѓаат. Сепак, дури и по 4 децении идејата останува како траен пример за иновации.

heineken-wobo-sisinja-kako-cigli-so-koi-moze-da-izgradite-kukja-2

Би можело да ве интересира:

Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Каде е денес ќерката на убиецот Тед Банди, што ја доби додека чекаше смртна казна? Додека беше во затвор, Тед Банди се венча со негова поранешна колешка, а додека ...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
Ги шпионирал нацистите во Втора светска војна: Кој е Србинот што е инспирација за Џејмс Бонд? Душан или Душко Попов бил таен агент за време на Втората светска војна. Нацистит...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
„Ме нападна ајкула во плитка вода, ми ги одгриза дланката и ногата – маж ѝ удри бокс за да ме спаси“ „Бев во шок. Мојот мозок знаеше дека нешто се случува, но телото не ми реагираше...

Најчитани неделава