Проверете што говори за вас вашата омилена боја

Веројатно кога сте излезени со некого, особено на прв состанок со момче или девојка, меѓу првите работи што ќе прашате е и прашањето за омилената боја. Тоа е така, бидејќи преку омилената боја може да направите некоја своја визија за карактерот и особинити на човекот.

proverete-sto-govori-za-vas-vasata-omilena-boja-01

Пронајдете ја вашата омилена боја или пак онаа на пријателите и видете како таа го опишува вашиот или карактерот на вашите блиски. 

Црвена страст за животот

Оваа боја се смета како најомилена боја меѓу луѓето. Овие луѓе се сметаат за страствени како во спалната соба така и во сите останати животни сфери. Доколку вашата омилена боја е црвена, вие го живеете животот во целост и понекогаш вешто умеете да ги сокриете вашите вистински чувства.

proverete-sto-govori-za-vas-vasata-omilena-boja-1

\
Портокалова жед за забава

Оваа боја го означува забавното, пријателството и удобноста. Луѓето кои ја обожаваат оваа боја се големи авантуристи и секогаш први на забавите. Секогаш се подготвени за нов предизвик.

proverete-sto-govori-za-vas-vasata-omilena-boja-2


Креативноста во жолтото

Некои сметаат дека со оваа боја се дефинираат оние љубоморни типови на луѓе. Но денес најчесто луѓето кои ја обожаваат жолтата ги поврзуваме со слободата и среќата. Овие луѓе се креативни и често ги инспирираат останатите со своите несекојдневни идеи.

proverete-sto-govori-za-vas-vasata-omilena-boja-3


Зад зелената се кријат промените

Оние кои ја обожаваат оваа боја се смирени и трпеливи. Бидете претпазливи со овие луѓе бидејќи воопшто не ги сакаат промените. Често балансираат и сакаат мирна животна средина.

proverete-sto-govori-za-vas-vasata-omilena-boja-4


Морално сините

Прекрасната сина боја ги опишува своите љубители како морални, верници, чувствителни и не гледаат потреба да се менуваат себеси.

proverete-sto-govori-za-vas-vasata-omilena-boja-5


Заљубено розовите

Розовата повеќе не е само женска боја, туку и сè повеќе мажи обожаваат да имаат парче розова облека на себе. Оваа боја ја означува љубовта и потребата за сигурност.

proverete-sto-govori-za-vas-vasata-omilena-boja-6


Мистериозно црната

Луѓето кои ја обожаваат оваа боја се мистериозни и често своите мисли ги чуват само за себе. Тие никогаш не трагаат по внимание и понекогаш се емоционално несигурни.

Секако палетата на омилени бои е бескрајна, но овие се некои од најчестите кои повеќето луѓе ги обожаваат.

proverete-sto-govori-za-vas-vasata-omilena-boja-7

Која е вашата омилена боја?

Би можело да ве интересира:

14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
12 луѓе кои ќе мора да ја сменат фотката на пасошот за да не изгледаат како две различни личности „Јас сум мајка на пет деца, но дури откако наполнив 40 години и по разводот, поч...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
12 фото-докази дека на некои луѓе треба да им се забрани да влезат во кујна „Мајка ми направи торта за роденденот на внука ми, инспирирана од Angry Birds. С...
9 фото-докази дека на светот уште постојат добри луѓе со чиста душа „Направив мало шкафче во јавност за оставање бесплатна храна и намирници – некој...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...

Најчитани неделава