10 Најчудни работи кои луѓето ги носеле со себе на патување

Дали некогаш сте се запрашале што носат луѓето во својата патна торба и сте посакале да видите што кријат додека патуваат?

10-najcudni-raboti-koi-lugjeto-gi-nosat-so-sebe-na-odmor

Ако сѐ уште се чувствувате незгодно заради сапунот или пепелникот кој сте го земале од последниот одмор, немојте да се грижите бидејќи не можете ниту да си замислите што сѐ луѓето носат со себе.

Ова е листата од 10 најчудни работи кои луѓето ги носеле со себе на патување:

1. Една 40 годишна жена од англискиот град Шефилд, со себе носела неколку врамени фотографии од својата покојна мачка. Таа изјавила дека секаде ја носи својата мачка, бидејќи ја сметала како член на семејството и мачката заслужува да биде со неа, без разлика каде и да оди.

2. Пензионер од Девон можел да заспие само доколку го слуша звукот на отчукувањето на часовникот, па затоа со себе редовно го носел ѕидниот часовник. Инаку, тој часовник бил со дијаметар од пола метар.

3. Еден обожавател на фитнес центарот не можел никаде да оди без своите рачни тегови. Затоа, ова младо момче секаде ги носел теговите, со изговор дека каде и да е мора да ги направи утринските вежби.

4. Една стара вдовица толку многу го сакала својот сопруг и секаде со себе ја носела урната со неговата пепел.

5. Маж од местото Херфорд тврдел дека е премногу опседнат со индискиот сос Ворчестер, па каде и да одел редовно со себе носел 24 кеси чипс со таков сос, бидејќи морал да консумира барем по две кеси дневно.

10-najcudni-raboti-koi-lugjeto-gi-nosat-so-sebe-na-odmor2

6. Една постара госпоѓа со себе секогаш носела пластично шише во кое чувала волна. Таа рекла дека парчето волна секогаш ја смирувало и затоа морала да ја има при рака.

7. Во патната торба на еден маж од Кембриџ биле пронајдени синџири и лисици, а тој тоа го објаснил велејќи дека со својата сопруга водат возбудлив сексуален живот, кој планираат да го продолжат и на својот одмор.

8. Сигурно никогаш не би помислиле да ставите ПП апарат во вашиот куфер, но еден господин тоа го прави. Овој човек има фобија од пожари па затоа секаде оди подготвен во случај да дојде до најлошото.

9. Дваесет годишна девојка од Таунтон никаде не оди без домашниот миленик, кој сега е препариран хрчак.

10. Жител на Ливерпул имал преголем страв од летање со авион, затоа секогаш со себе носел десетина и повеќе украси од зајачки шепи како еден вид на амајлија. На тој начин, овој човек бил сигурен дека неговиот пат е безбеден.

Дали можеби вие знаете за некоја слична чудесна работа? 

Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...

Најчитани неделава