Пластична среќа

Секој во животот ќе дојде до фаза кога ќе треба да изглуми емоција, насмевка или пак цела врска доколку не сака истата да ја расипе или да и стави крај.

plasticna-sreka-01.jpeg

Најчесто тоа завршува лошо, но доколку ви текне на време, со разговор може да ја решите причината поради која сте се криеле под театарската маска или пак да ставите мирен крај на врската која не може никако да се поправи.

Не глумете среќни кога ништо не е во ред, бидејќи другата страна и тоа како ја забележува вашата пластична среќа.

Ја гледам твојата насмевка, глумиш среќен. Исто како оние парови кои се смеат само за да се прикажат во најдобро светло пред другите. Знам дека ти не си таков, таков те направив јас. Така налага ситуацијата.

Не ти замерувам, немам право, а немам ни сила. Истото го правам и јас. Не за џабе рекле дека насмевката на тажниот човек е најубава, но пластична.

Таква е твојата бидејќи јас не сум тажна, јас сум огорчена... Кога подобро ќе размислам не баш огорчена, туку рамнодушна. Тоа е правилниот збор кој може да ја опише мојата душа.

Таа знаеш… зборува со мене, да немој да се чудиш.

И знае, знае се.

Го знае секој твој пластичен поглед, насмевка, прегратка, движење, воздишка...

Знае се и ми кажува, можеби тивко, но зборовите како што се нижат се погласно одsвонуваат во моите уши и ми ги попречуваат мислите, ми ги предизвикуваат солзите кои никако да ги пуштам, а сакам да плачам како дете.

Нашите грешки се темел на нашата среќа, пластична среќа која некогаш беше вистинска.

Знам дека не те заслужувам, ти си добар, можеби и предобар за мене.

Не ти треба тебе ваква како мене, некоја што ќе ти подари пластична среќа, бидејќи повеќе не знае за подобра, вистинска.

Јас и ти сме зависни еден од друг, навика.

Но знаеш, на секоја навика има и одвика што би рекле луѓето. Не се во право, јас никогаш нема да навикнам на секојдневие без тебе, но исто така никогаш нема да се навикнам ниту на пластична среќа. Подобро би живеела без среќа отколку со среќата на сите обични луѓе, бидејќи миличок знаеш и сам дека сите живеат пластичен живот со пластични емоции, извежбани потези и промислени реченици.

Јас секогаш ти го кажував тоа што ми се вртеше во главата, секој мој потег беше глупав, наивен, искрен.

Сега повеќе не е така. Пораснав, можеби не сум иста како другите, но прикривајќи ги моите емоции и промислувајќи ги моите реченици сум на добар пат да станам како нив.

Не го сакам тоа, па затоа морам да те напуштам.

Дај да ја изгориме оваа наша пластична среќа, нека остане само искривена фигура на она што било, а поминало.

Би можело да ве интересира:

„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
„Дедо ми е педофил кој ми го украде детството - сите му се восхитуваа, само јас знаев дека е чудовиш... „Кога првпат почна да ме допира, не ми беше јасно што се случува. Се прашував да...

Најчитани неделава