Фотограф скриен во контејнер направил романтични фотографии од тајно запросување

Адам Пакрин сакал да ја побара својата девојка Бејли Карсон за жена, но тоа да изгледа сосема спонтано и без преголемо јавно внимание.

fotograf-skrien-vo-kontejner-napravil-romanticni-fotografii-od-tajno-zaprosuvanje-01

За да може да го изведе тој интимен чин, а сепак да има фотографии кои ќе им останат како најубав спомен, се договорил со еден фотограф како сето тоа да изгледа таинствено.

Одлучиле да биде вообичаена прошетка во „Peterborough Zoo“, во Онтарио, каде тој ќе ја донесе Бејли.

Во меѓувреме, фотографот Ченс Фолкнер си нашол свое тајно место, да се скрие во еден контејнер под дрво, во близина на малото езерце каде застанал парот.

Од отворениот простор имал одлична позиција за да ги фотографира најубавите моменти без никој да го забележи.

fotograf-skrien-vo-kontejner-napravil-romanticni-fotografii-od-tajno-zaprosuvanje-1.jpg

По неколку романтични зборови Адам клекнал пред Бејли и ја побарал за жена, а таа се согласила.

Откако веќе прифатила ѝ кажал дека не е баш сè толку тајно и покажал каде е скриен фотографот. Тоа било уште едно изненадување за неа, но била многу среќна за целата идеја.

Без никакво глумење, местење и позирање, направени се романтични и спонтани фотографии од нивниот најубав момент.

Би можело да ве интересира:

Жена од Хрватска искрена на Инстаграм: „Носиме износена облека 90% од денот, дома ни е хаос, а храна... „Животот не треба да биде совршен и филтриран. Потсети се како навистина изгледа...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
10 чудни фотографии, кои се совршени на свој начин „Никогаш не сфатив кај е телото на мајка ми на оваа фотка од детството“. „Ник...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
Жена со месеци ѝ праќала вулгарни пораки на ќерка си од скриен број: Приказната зад хит документарец... Повеќе од една година, тинејџерка и нејзиниот дечко добивале вознемирувачки, вул...

Најчитани неделава