Утринска медитација: 5 минути за спокоен ден

Утринската медитација ни помага да го пронајдеме внатрешниот мир и да допреме до она место од кое извира целата наша сила...

utrinska-meditacija-5-minuti-do-podobar-den-1

Оваа медитација правете ја секое утро, пред да започне бурниот ден. Медитирајте пред да направите било што.

За ова медитирање се доволни само 5 минути, но доколку сакате можете да го продолжите времетраењето.

За медитација одберете мирно место во домот

Седнете на столче, на перница или на под, така што главата, вратот и грбот ќе ви бидат во права линија, а грбот можете и да го потрпете на нешто.

Затворете ги очите

Длабоко вдишете и издишете неколку пати. Сега, сконцентрирајте се на нешто, по свој избор, еден стих или дел од некој текст.

Останете со затворени очи и полека враќајте го својот ум кон она што сте го одбрале. Повторувајте го стихот или текстот тивко и полека.

Не дозволувајте ништо да ви пречи

Ако почувствувате дека нешто ви го одзема вниманието, не престанувајте, туку оставете ги мислите или работите кои ви пречат, лесно да поминат низ вас и да ве одминат.

Излезете од медитацијата полека

Пробајте да завршите со некоја лична молитва или со неколку реченици на благодарност. Смислете си своја цел за денот кој допрва ќе следува.

Напуштете го местото на медитација полека и тивко. Шепотете ги стиховите или текстот додека се враќате во реалниот свет.

На крајот, ќе почувствувате голема доверба во себе, бидејќи ќе знаете дека што и да се случи во текот на денот, секогаш ќе можете да се вратите на својата свест. 

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...
„Ме нападна ајкула во плитка вода, ми ги одгриза дланката и ногата – маж ѝ удри бокс за да ме спаси“ „Бев во шок. Мојот мозок знаеше дека нешто се случува, но телото не ми реагираше...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...

Најчитани неделава