Отворено писмо до сите оние кои им биле неочекувана „грешка” на своите родители

Доколку имате млади родители кои одлучиле да останат заедно до крајот на животот само поради една заедничка “грешка” која ги поврзала, а тоа сте вие, прочитајте го ова отворено писмо во кое сигурно ќе се пронајдете и ќе го промените погледот кон нештата во вашиот живот.

otvoreno-pismo-do-site-onie-koi-im-bile-neocekuvana-greska-na-svoite-roditeli-1

„Драги мои родители,

Навистина жалам што поради мене не сте го проживеале доволно вашиот живот и што морало прерано да се обврзете кон чување на едно мало, безгрешно суштество кое сте го сметале за грешка, но сега го сакате повеќе од вашиот живот.

Сигурна сум дека можеби сè уште се каете поради моето раѓање, но исто така сте свесни дека со тоа сте добиле личност која ќе ве сака и почитува до крајот на нејзиниот живот.

Ќе се грижи за вас и никогаш нема да ве изневери, напротив, ќе направи да се гордеете со неа бидејќи самото знаење дека таа е ваша „грешка” ќе биде доволен поттик да ви покаже дека „грешката“ се претворила во вистински човек кој ќе направи нешто од себе во животот.

Не се сомневам дека сте биле заљубен пар кој морал да одлучи дали ќе остане заедно до крајот на животот иако не сте биле сигурни дека го сакате тоа навистина.

Ви благодарам поради таа одлука, да ме донесете на овој свет, а не да ме испратите на оној свет со изговор: „Премногу сме млади, ние сме деца кои не се подготвени да чуваат дете”.

Ви благодарам исто така што сте ме пораснале, хранеле и што сте ми пружиле безрезервна љубов. Ви благодарам за сè што имате направено за мене, како и за тоа што ми кажавте дека некогаш сте ме гледале како „грешка”.

Засрамениот лик на вашето лице не мора да го криете, но не мора ниту да го имате кога ќе се потсетите на тоа.

Јас сум млада личност со зрело размислување и разбирам дека навистина е тешко да очекуваш дете на млада возраст кога и самиот сè уште си дете.

Знам како би се чувствувала јас доколку ми се случи тоа, доколку направам таква „грешка”, па затоа сега повеќе внимавам на мојот сексуален живот, бидејќи не сакам моето дете во иднина да го пишува овој текст како што тоа го правам јас сега!

Ве сакам!”

Би можело да ве интересира:

15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Безбедносни совети за жени од поранешен ФБИ агент - Има трик и со копчето од лифотот „Кога се чекирате во хотел, штитете го вашиот личен простор како на банкомат. Ре...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...

Најчитани неделава