Нека ви “пукне филмот” баш денес!

Живеете според туѓи правила, запоставувајќи се себеси преокупирани со исполнувањето на желбите на сите околу вас освен своите?

neka-vi-pukne-filmot-bas-denes-1

Денес е денот кога треба да кажете – "Не, доста е веќе!" Оставете да ви "пукне филмот" баш денес и направете ги овие работи за кои долго време не си давате време да ги направите.

- Исклучете го телефонот и заштитете се од несакани повици.

- Прекинете ја врската во која не сте среќни, баш денес!

- Кажате им на сите кои ви прават лице, се во лице.

- Отпишете се од факултетот кој го мразите, одбран од вашите родители.

- Дајте отказ на работното место кое не го поднесувате со години.

- Кажете им на колегите се што заслужуваат, а потоа треснете им ја вратата пред нос.

- Спротивставете им се на родителите кои ве третираат како дете во години.

- Пријавете го партнерот кој ве малтретира подолго време.

- Побарајте развод од лошиот брак кој ве уништува!

neka-vi-pukne-filmot-bas-denes-2

- Прекинете ја диетата поради која гладувате до онесвестување.

- Превземете го далечинското и гледајте канал според ваш избор, наместо турските серии кои секојдневно се пред вашите очи по туѓ избор.

- Излезете сами, наместо со вашите пријатели или партнер и уживајте во ваше друштво.

- Кажете им не на оние кои постојано ве искористуваат финансиски.

- Завртете им грб на лажните пријатели.

- Бидете среќни без да ги направите другите среќни.

- Исполнете ги вашите желби и соништа, пред да им ги исполнете на некој друг!

- Размислувајте позитивно и со своја глава!

Што уште би додале на листата?

Би можело да ве интересира:

6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
8 работи што некогаш беа норма, но денес ги гледаме како луксуз, низ илустрации Апаратите во домот траеја цела вечност и некои постари лица уште си ги користат ...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...

Најчитани неделава