Кога и како настанал обичајот за китење на елката?

Сите едвај чекаме да дојде денот кога ќе ја китиме елката и ќе го украсуваме домот, но дали знаевте дека овој обичај трае повеќе од илјада години?

koga-i-kako-nastanal-obicajot-za-kitenje-na-elkata-01.jpg

Постојат повеќе легенди и обичаи заради кои ние денес ги дочекуваме новогодишните празници со украсена елка и декориран дом во духот на Божиќ.

1. Една од легендите вели дека на местото каде што се родил Исус растеле бор, кедар и елка. Од среќа што се родил Божјиот син, борот и кедарот се затресле и му подариле плодови. Елката започнала да плаче, бидејќи таа немала што да подари. Тогаш еден ангел се сожалил и скинал ѕвезда од небото па и ја подарил на елката. Елката се свиткала и од својот врв нежно ја истресла ѕвездата покрај Исус.

2. Древните Египќани го обожавале својот бог на сонцето Ра, кој додека траела краткоденицата се опоравувал од болестите, а во негова чест домовите биле исполнети со зелени листови од палми, кои ја симболизираат победата на животот над смртта.

3. Римјаните краткодневицата ја посветувале на Сатурн, богот на земјоделието. Тие знаеле дека наскоро полињата ќе започнат да зеленеат, па своите домови и храмови ги украсувале со зимзелени билки.

4. Друидите исто така ги украсувале храмовите со зимзелени лисја кои, според нивното верување, претставуваат симбол на вечен живот.

5. Првиот народ кој всушност ја открил новогодишната елка се токму Германците, иако Летонија се смета за домот на првото божиќно дрвце. 

Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...

Најчитани неделава