5 Работи кои треба да си ги кажете пред заспивање

Секојдневниот стрес и бројните обврски во текот на денот не ни овозможуваат мирно да заспиеме навечер. Затоа, погледнете ги овие совети кои ќе ви овозможат убаво да се наспиете...

5-raboti-koi-treba-da-si-gi-kazete-pred-zaspivanje-1

Често се случува да бидеме преплавени со негативни мисли и размислување за животните проблеми кога ќе тргнете на спиење, заради што и го губите квалитетот на сон.

За да ги избегнете немирните ноќи, кажете си го следново штом легнете:

1. „Благодарен/на сум заради...”

Бидете благодарни на сите убави нешта во вашиот живот, бидејќи така и ќе бидете многу посреќни, а вашиот имунитет ќе се зајакне. Пред да заспиете, размислете на сите радосни работи кои ви се случуваат во животот.


2. „Нека биде тоа што мора да биде”

Не се грижете премногу околу решавање на сите животни проблеми навечер, наместо тоа размислувајте наутро. Многу работи и не зависат од вас, па затоа е важно рационално да ги прифатите расплетите од случувањата.


3. „Јас сум силен/а”

Насочете се кон вашите позитивни особини и прифатете се онакви какви што сте.


4. „Како можам да го поправам...”

Запрашајте се за работите кои зависат од вас. Одлуките да поправите нешто ќе придонесат за подобар сон.


5. „Ќе пронајдам мир”

Фокусирајте се на оваа фраза и повторувајте ја повеќе пати за да се смирите пред спиење. Ако забележите дека сте загрижени или расеани, пробајте ја реченицата и сигурно ќе се чувствувате подобро. 

Би можело да ве интересира:

18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
9 работи што ги знаат само Јапонците, а ние не, и затоа се многу смирени Не прават работи со сила, веруваат дека сè се случува со причина и дека вистинск...
Безбедносни совети за жени од поранешен ФБИ агент - Има трик и со копчето од лифотот „Кога се чекирате во хотел, штитете го вашиот личен простор како на банкомат. Ре...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...

Најчитани неделава