15 работи кои секоја жена ги сака и треба да ги добие

Постојат најразлични правила зошто нешто може или не може да го добијат жените, но за некои работи кои ги сакаат навистина не се потребни објаснувања и одобрувања.

15-raboti-koi-sekoja-zena-gi-saka-i-treba-da-gi-dobie-01

Некои работи секоја жена ги заслужува без разлика на сè и нема потреба за тоа да се извинува или објаснува некому.

Животот е премногу краток за да си скратувате некои задоволство од какви било причини.

1. Секоја жена треба да го носи оној костим за капење кој го сака, а не да бира според тоа дали има тело во облик на песочен часовник, јаболко или крушка.

2. Група на пријателки кај кои може да отиде кога ќе посака, макар и да се километри оддалечени.

3. Нешто што сака да го прави со задоволство, без разлика дали е најдобра во тоа, на пример пеење, танцување, готвење, цртање.

4. Барем еднаш да си набере букет од цвеќиња.

5. Да има секс колку што ќе посака, дури и тоа да е повеќе од мажите.

15-raboti-koi-sekoja-zena-gi-saka-i-treba-da-gi-dobie-2.jpg

6. Некое замислено чудно пријателче на кое ќе може да му каже нешто што никогаш и на никого не би кажала.

7. Можноста да биде тотално женствена или ултра мажествена, а секојпат да биде сериозно сфатена.

8. Да носи чевли трипати поскапи од целата облека на мажот.

9. Да падне година на факултет или да не оди на работа еден месец.

10. Треба да има сув шампон за експресно миење на косата или маникир кој не се брише.

15-raboti-koi-sekoja-zena-gi-saka-i-treba-da-gi-dobie-3.jpg

11. Способност да најде совршен фустан за одредена прилика.

12. Да може слободно да се пофали на Фејсбук без никој да ѝ љубомори или завидува.

13. Место каде што ќе може да се изолира од светот кога и да посака.

14. Барем една вечер во месецот кога ќе може да танцува додека сонцето не изгрее.

15. Способност за да постигне да ги оствари сите работи во текот на еден ден.

15-raboti-koi-sekoja-zena-gi-saka-i-treba-da-gi-dobie-1.jpg

Девојки, што би додале на листата?

Би можело да ве интересира:

9 работи што ги знаат само Јапонците, а ние не, и затоа се многу смирени Не прават работи со сила, веруваат дека сè се случува со причина и дека вистинск...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...

Најчитани неделава