5 Совети за подобрување на емоционалната интелигенција

Емоционалната интелигенција е способност да ги разбереме сопствените чувства и да управуваме со нив, како и умешност да ги разбереме емоциите на луѓето околу нас...

5-soveti-za-podobruvanje-na-emocionalnata-inteligencija-1

Емоционалната интелигенција е клучот за подобрување на односите со блиските луѓе, но и во професионалниот живот.

Подобрете ја својата емоционална интелигенција:

1. Издржете ги негативните емоции

Научете како да управувате со негативните емоции, на тој начин што не смеете да им дозволите да влијаат врз вас. Размислете дали можете да ги промените чувствата за некоја ситуација? Секако дека можете, но најпрво променете го вашето мислење околу истата.


2. Трудете се да останете прибрани под притисок

Бројте до 10, па потоа кажете го тоа што го мислите, а друга опција е да го измиете лицето со ладна вода и да излезете на чист воздух секојпат кога се чувствувате под притисок. Кога ќе бидете збунети од емоциите, најдете си свое мирно место во природата или домот и поврзете се со своите мисли.


3. Читање сигнали

Кога гледате нечиј израз на лице, не брзајте со заклучоците. Смислете барем уште една опција освен онаа која прва ви паднала на ум. Проширете ја перспективата за подобро да ги читате сигналите.

Ако е потребно, прашајте ја личноста чии сигнали не ги разбирате, зошто се однесува на тој начин и споредете го нејзиниот одговор со говорот на телото.


4. Поставете граници

Има моменти во животот кога е важно да поставите граници и да го кажете мислењето, наместо да премолчите. Секогаш кажувајте ги вашите чувства и бидете искрени.


5. Изразете емоции кон блиските

Покажувањето емоции не треба да биде само вербално, туку употребете и физички контакти. На луѓето кои ги сакате подготвувајте им мали подароци, направете им вкусен ручек или десерт, прегрнувајте ги често и гледајте ги со љубов. Сите тие активности ги зацврстуваат врските меѓу луѓето и го изразуваат ставот кој гласи: Сакам да сум уште поблизок/поблиска со тебе. 

Би можело да ве интересира:

12 суптилни знаци дека некоја личност немала лесен живот (и доживеала трауми) Буквално ништо што ќе кажете не може да ги шокира и добро се справуваат со лошит...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
10 фотки кои ќе ве збунат – доказ дека начинот на кој ги гледате работите многу менува За некои фотки ќе треба да погледнете двапати, а можеби и повеќепати за да сфати...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
10 начини на кои алфа жените поставуваат граници само со зборови „Нема да можам да го направам тоа“ - Јасно и без вина одбиваат кога нешто не им ...
Детали од секојдневието на Американците што секогаш ги изненадуваат странците „Луѓето немаат платен одмор. Неодамна чичко ми се пресели од САД во Англија и ре...

Најчитани неделава