Животот ќе ви олесне ако примате извинувања кои никогаш не сте ги добиле

Во животот многу луѓе ќе те повредат без да се извинат бидејќи немаат храброст или лице за да те погледнат и да ти ги кажат магичните зборови: „Извини, прости ми, згрешив".

zivotot-ke-vi-olesne-ako-primate-izvinuvanja-koi-nikogas-ne-ste-gi-dobile-1

Но, тоа не значи дека ние треба да му дозволиме на мозокот да се преокупира со сите тие недобиени извинувања и прошки кои никогаш не биле побарани од нас, но сепак луѓето си заминале мирно како веќе да ги добиле.

Верувајте тие не се мирни, секој човек има совест колку и да се преправа дека ја нема, кога ќе повреди човечно е да се почувствува виновен барем за секунда.

Не е важно дека ќе си замине како ништо да не се случило подоцна, тој ќе знае дела згрешил и ќе очекува да му биде вратено со иста мера.

Кармата никогаш не остава нерасчистени сметки, кај неа важи реченицата – „Чиста сметка, долга љубов".

Затоа, не грижете се за оние кои ви нанеле зло или ве повредиле намерно, а никогаш не се извиниле и не се покајале за тоа знаејќи дека грешат.

Не обидувајте се да им кажете дека ве навредиле или повредиле, бидејќи не можеш да му докажеш ништо на човек кој не се смета себеси за виновен, без разлика колку докази да му приложиш.

Во тие моменти, наместо да држиш гнев, да плачеш или да се одмаздуваш, прими извинување кое не си го добил.

Животот ќе ти олесни, а ти ќе се чувствуваш семоќен и попаметен од тој глупавиот што ти згрешил.

Запомни дека тоа извинување кое го примаш, а не си го добил никогаш, не го примаш бидејќи тој некој заслужува, туку бидејќи ТИ заслужуваш!

Би можело да ве интересира:

14 луѓе кои брзале да си ја завршат работата, без „мува да ги лази“ за крајниот резултат Сте се нашле ли во ситуација да видите нешто и да искоментирате: „Кој мајстор и ...
15 фотки од луѓе кои сакаат да ја споделат својата среќа (и да ви го подобрат расположението) Пар кој тргнал на авантура со камп-приколка, маж кој дипломирал на 34-годишна во...
Фотки што ќе ве разгневат: Себични (и мрзливи) луѓе кои мислат само на себе Луѓе кои оставаат неред и ѓубре на јавни површини, луѓе кои не користат слушалки...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
12 фото-докази дека на некои луѓе треба да им се забрани да влезат во кујна „Мајка ми направи торта за роденденот на внука ми, инспирирана од Angry Birds. С...

Најчитани неделава