Работи кои само среќните луѓе ќе ги разберат

Да се биде среќен не е тешко, туку потребно е само да поработите на сопствените ставови, предрасуди и ограничувања.

raboti-koi-samo-srekjnite-lugje-kje-gi-razberat-1

Ако ги разберете овие работи и доколку се пронајдете во нив, не грижете се бидејќи вие сте среќна личност:

1. Не ви треба причина за среќа

Ако ви треба причина за да бидете среќи, тогаш знајте дека секогаш ќе имате причини да бидете незадоволни и несреќни. Работите никогаш нема да бидат такви какви што вие посакувате и проблемите можеби ќе останат нерешени, но причината за нашата среќа зависи исклучиво од самите нас.


2. Ако има супер, ако нема пак супер

Имам пари, имам редовно секс, излегувам, се дружам, уживам и сум среќен/на. Немам пари, немам редовно секс, не излегувам, не се дружам, уживам и сум среќен/на. Периодите се менуваат, денес може да биде динамичен ден, а утре мирен и тоа е прекрасно.


3. Денес е прекрасен ден

Лето е, а над небото надојдоа сиви облаци и се подготвува да врне дожд. Немате чадор, но сепак го кревате лицето и ги чувствувате првите капки дожд по вашата кожа. Колку е прекрасен и моќен овој ден.


4. Животот е чудесен

Погледни го целиот свет околу тебе. Луѓето кои се трудат да ги остварат своите цели. Животот пулсира насекаде околу нас, толку сурово и толку магично истовремено.


5. Денеска сум тажен/на, но не значи дека сум несреќен/на

Ги почитувам своите чувства. Тагата, како и среќата, го заслужува моето внимание и моите солзи. Знам дека на дното од тагата лежи мојата среќа и благодарност.


6. Сега сум бесен/на, но кратко ќе трае

Во состојба сум да пламнам и да побеснам, но тогаш застанувам и погледнувам во себе. Потоа мојата состојба поминува. Ако треба да се извинам, го правам тоа без размислување. Ако мене треба некој да ми се извини, го барам тоа без размислување.


7. Диетата е успешна! Подготвен/а сум за летото!

Гладна/ен сум и супер ми е. Диетата одлично функционира на мене, а веќе се напив чај и повеќе не сум гладен/на. Ова е супер!


8. Не ми оди диетата, но се отвори нова слаткара

Диетата ќе ја пробам нареден пат, сега едноставно не ми оди. Но, затоа едвај чекам да одам во новата слаткара и да се почестам некој нов, вкусен колач. Или можеби сладолед!


9. Ако тој/таа не е среќен/на, не е до мене

Не можам да ја/го направам среќна/ен, но можам да и/му помогнам да ја пронајде причината за својата несреќа и да ги надмине блокадите.


10. Секој мора сам да се пронајде себе

Бидејќи тоа е единствен начин да бидеш уникатен, свој, задоволен и среќен. Не може никој друг да го направи тоа за тебе, освен ти самиот.

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
Ги шпионирал нацистите во Втора светска војна: Кој е Србинот што е инспирација за Џејмс Бонд? Душан или Душко Попов бил таен агент за време на Втората светска војна. Нацистит...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...

Најчитани неделава