4 начини и тактики како да го исклучите мозокот

Ако не сте дел од оние луѓе кои успеваат со помош на било какви медитативни техники да го исклучите мозокот и да успеете да се релаксирате постојат и други поинакви начини како да го постигнете тоа.

4-nachini-i-taktiki-kako-da-go-iskluchite-mozokot-01.jpg

Постојат сосема обични тактики кои ќе ви помогнат да се опуштите и да престанете да се грижите. Се што ви е потребно е да ја промените перспективата и начинот на кој ги перцепирате проблемите.

Не е мозокот тој кој не ви дава мир, туку вие со тоа што дозволувате да ве обземат одредени мисли и чувства кој прават да бидете под притисок и го преоптоваруваат вашиот мозок со сосема непотребни работи.

1. Престанете да се жалите и мислите само на вашите проблеми

Зборувањето за проблемите е конструктивна работа се додека служи за размена на искуствата, но не и решавање на самиот проблем бидејќи, ниту една потешкотија не е еднаква. Постојат само генерални и општи препораки кои можете да ги примените, но не и крајни решенија.

Но, мигот кога ќе преминете во страствени анализи на секој детаљ, само создавате уште потензична ситуација во која нема решение на вашиот проблем и нема споделување на товарот, туку едноставно удвојување на проблемот.

Токму затоа, најдобро е вашите мисли и стравувања да ги запишете наместо да ги споделувате со слушател кој фактите само ќе ги потврди и зајакне. Само внесувате енергија во проблемот, а не и неговото решавање.


2. Правете нешто напорно

Веројатно ќе се согласите дека во миговите кога сте биле презафатени со некои напорни и долготрајни обврски, било да биле работни или домашни, во вашиот мозок едноставно не постоело место за оние проблеми кои инаку целосно би го обзеле вашиот ум.

Во тие мигови проблемите се чинат како банални и неважни. Токму затоа, кога сте прилично нервозни и бесни најдобро е тие хемиски реакции да ги насочите во нешто корисно и да ги исфрлите преку некој физички или психички напор.

Доколку се одлучите за физичките напори најдобро е истите да ги применувате заедно со некоја добра музика која ќе ве опушти и ќе спречи рутинските работи повторно да го насочат вашиот мозок во проблемите кои дотогаш ве обземале.


3. Правете нешто креативно

Креативните задачи едноставно ќе ви го вклучат мозокот и ќе ви дадат добра причина да се сконцентрирате на нешто сосема поинакво и различно од проблемите кои ве мачат.

Се сеќавате дека како дете сакавте цртање? Или можеби некоја друга забавна и креативна активност? Земете пенкало и лист хартија и нацртајте нешто. Напишете нешто, не е важно дали сте талентирани или не.

Важно е да се ослободите од тензијата која е насобрана во вас. Нацртајте симболички приказ на проблемот. Цртајте го вашето куче или мачка. Цртајте цвеќе. Било што.

Впрочем воопшто не е важно што ќе нацртате, важно е да успеете да го ослободите умот и да се насочите на нешто сосема поинакво од вашите проблеми.


4. Верувајте

Не се обидувајте да ги контролирате оние работи кои се надвор од ваша контрола. Така е со најголемиот дел од работите во животот. Тие се тука за да го клатат вашиот брод кој се обидува неуморно да држи прав правец и да се насочи кон светилникот.

Насочете се на менување на оние работи кои знаете дека доаѓаат однатре од вас. Работи кои се во ваша сила и каде има смисла да направите нешто.

Сето останато препуштете го на мислите испратени кон нешто непознато, а можеби и спиритуално.

Би можело да ве интересира:

Што е навистина важно во животот, според повозрасни луѓе (со повеќе искуство од нас)? „Дефинитивно посакувам кога децата ми беа мали, да не се грижев толку за нивните...
18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
9 работи што ги знаат само Јапонците, а ние не, и затоа се многу смирени Не прават работи со сила, веруваат дека сè се случува со причина и дека вистинск...
Безбедносни совети за жени од поранешен ФБИ агент - Има трик и со копчето од лифотот „Кога се чекирате во хотел, штитете го вашиот личен простор како на банкомат. Ре...
10 фотки кои ќе ве збунат – доказ дека начинот на кој ги гледате работите многу менува За некои фотки ќе треба да погледнете двапати, а можеби и повеќепати за да сфати...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...

Најчитани неделава