Подобри ли сте од другите?

Натпреварувањето и споредувањето со другите е вкоренето длабоко во самата природа на човекот, па и покрај тоа што знаеме дека сме единствени дека...

 

...едноставно не-постои-уште-една-личност-иста-како-нас, секој од нас, сепак, едноставно сака да се споредува со другите.

За нас споредувањето со другите претставува еден од начините за оценување на сопствените квалитети.

Особено кога мислиме дека особините кои ние ги поседуваме се подобри од оние на другите луѓе, или од она што тие го посакуваат. Исто така, се споредуваме и со оние кои се подобри од нас – така си го проценуваме и определуваме патот до успехот.

А сепак, она што би требало да го направиме е, да го сведеме споредувањето на минимум, или, ако е тоа воопшто возможно, целосно да го исфрлиме. Веќе потенциравме дека никој не е како нас, што автоматски значи дека ние, луѓето, сме едноставно неспоредливи.

Потполно е невозможно и бесмислено да споредуваме... еве да речеме, цвеќе и автомобил. Кој има повеќе атрибути? Кој е покорисен? Што би купиле попрво? Зошто е цвеќето поефтино од автомобилот... Кога цвеќето би растело поголемо и кога би имало нозе, дали и тоа би можело да пренесува луѓе?

Или, на пример, дали кога автомобилите наместо мотор би имале хлорофил, би произведувале кислород? Можеби да, можеби не, но, поентата е – затоа и постојат и цвеќиња и автомобили - нам ни се потребни и едните, и другите!

podobri-li-ste-od-drugite1

Понекогаш ни е навистина многу полесно да ги гледаме другите отколку себе. Па да, полесно е да процениш некој друг отколку самиот/самата себе. Тешко е да се препознаат сопствените квалитети или сопствената вистинска лична цел. Всушност, потребно е многу повеќе храброст за насочување кон себе и мерење на сопствените стандарди или испитување на сопствените потенцијали.

Секој од нас има посебен дар; секој од нас се наоѓа на оваа планета заради некоја навистина посебна причина. Секој има своја животна цел која би требало да ја исполни, а во пакет со неа, секогаш доаѓаат и животните лекции кои мораме да ги совладаме, и околностите низ кои мораме да поминеме.

Како би можеле да го споредуваме сопствениот живот со другите луѓе, кога на пример, мојата животна цел е да воспитувам деца, а животната цел на некој друг е да отпатува во вселената?!

Всушност, ние навистина немаме идеја за желбите и посакувањата на некој друг, за неговата цел, ниту за неговите можности, а сепак, сите со задоволство се споредуваме.

Наместо да се споредувате, обидете се да се прифатите самите себе, да ги цените вашите специфични таленти и квалитети; обидете се да сфатите дека секој човек оди по некој свој пат, и без оглед на тоа што од време на време нашите патишта се поклопуваат и испреплетуваат, никогаш, ама никогаш, тие нема да се претворат во еден ист, заеднички пат.

Разбирањето на самите себеси, на своите потреби и таленти, е она што ќе го извлече најдоброто од нас. Од друга страна, единствено што ќе добиеме преку  бесцелното споредување со другите, е забавување на патот кон остварувањето на нашите потреби.

Со споредувањето, трошиме енергија на работи кои нам, па и не ни се така важни, наместо на оние работи заради кои постоиме.

Би можело да ве интересира:

Развратниот живот на креаторот на Барби - сакал неговите девојки да личат на куклата, организирал ор... Џек Рајан, едниот од дизајнерите на Барб, бил толку опседнат со својата креација...
Ситуации од секојдневието што ни се познати на сите, низ забавни илустрации Два часа бараме филм за гледање, за да се успиеме пет минути откако ќе го пуштим...
Каква судбина имале децата на најголемите диктатори на светот и дали ги стигнала кармата на нивните ... Синот на Сталин се самоубил, синот на Чаушеску ширел блуд и разврат, а Мусолини ...
Страв од жолта боја, страв од донесување одлуки: Необични фобии за кои сигурно не сте знаеле дека по... Иако на повеќето им се има случено да им се налепи путер од кикиритки на горниот...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Маките кои им се добро познати на сите девојки и жени, низ искрени илустрации Изразеното стомаче кога седнуваме додека носиме фармерки со висок струк и црвени...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg