Смислил одличен начин како да ги забавува патниците кои чекаат во метрото

Овој човек дошол до одлична идеја како да ги забавува патниците на метрото во Њујорк и истовремено да ги натера да комуницираат.

smislil-odlicen-nacin-kako-da-gi-zabavuva-patnicite-koi-cekaat-vo-metroto-01.png

Томас Нокс е 28-годишен човек кој одлучил на луѓето кои чекаат во метрото да им приреди одлична забава. Поставил маса со две столици и натпис „Date while you wait“. Тука кој ќе посака има можност да седне на маста да ужива во некоја забавна игра по желба и да разговара со Нокс.

„Сакав да направам нешто позитивно. Ова мислев дека ќе биде одлична идеја, а и се покажа како таква. Луѓето воодушевено веднаш почнаа да ми приоѓаат за да поразговараат со мене и да поиграат“ – вели Нокс.

Целта на овој проект е луѓето од Њујорк да се вратат на своите социјални корени и повторно да започнат да комуницираат очи во очи, бидејќи овој тип на социјална интеракција како резултат на технологијата е изгубен.

Луѓето денес преферираат да гледаат во своите телефони, а не во ликовите на тие со кои зборуваат.

Сепак, се чини дека тоа може да се промени. Овој проект токму тоа го покажува.

„Разговарајте со мене, кажете ми нешто за себе, кажете ми како ви помина денот“ – тоа се зборовите со кои Нокс ги привлекува случајните минувачи.

Местото на кое ќе се одржи следното дружење е секогаш тајно, но каде и да се појави, предизвикува добри и позитивни реакции меѓу луѓето.

Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Откопувал гробови, правел украси од човечки делови: Кој е убиецот Ед Гејн од новата серија на Нетфли... Кога неколку полицајци го пребарувале домот на Ед Гејн, ги пречекало вистинско и...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...

Најчитани неделава