100 работи кои вистинските мажи не ги прават

Што не треба Вистинскиот маж да прави во својот живот? Еве дури 100 одговори:

100-raboti-koi-vistinskite-mazi-ne-gi-pravat-01.jpg

1. Не се жали.

2. Не се грижи за работите кои не може да ги контролира.

3. Не се плаши дека ќе ја изгуби девојката. Тој е сигурен во себеси.

4. Не гледа телевизија повеќе од 1 час дневно.

5. Не се опијанува. Да, пие, но не претерува... пречесто.

6. Не сака да биде некој друг.

7. Не се прејадува.

8. Не ја изневерува својата девојка или жена.

9. Не ги обвинува другите за сопствените грешки.

10. Не се жали без причина.

11. Нема омраза кон некого.

12. Не сака неговите конкуренти да го сопнуваат. Тој верува во своите способности.

13. Не е љубоморен.

100-raboti-koi-vistinskite-mazi-ne-gi-pravat-1.jpg

14. Не поминува повеќе од 10 минути на Фејсбук.

15. Не се откажува. Никогаш и од ништо.

16. Не ги прави работите од инат.

17. Не прави нешто само за да ги понижи другите.

18. Не дига рака на жена. НИКОГАШ.

19. Не ги искористува луѓето.

20. Не го бара правиот пат. Се губи во некоја пустелија, пцуе, а потоа сам го наоѓа патот.

21. Не се плаши да ризикува за да му помогне на некого.

22. Не ги осудува другите луѓе.

23. Не ги сфаќа работите здраво за готово и не ги зима при срце.

24. Не дозволува со неговиот живот да управуваат пороците.

25. Не се плаши од конкуренцијата.

26. Не го запоставува своето здравје.

27. Не разговара на телефон додека е излезен со својата девојка.

28. Не спие повеќе од 8 часа, посебно не до 3 попладне.

29. Не се препушта на мрзеливоста.

30. Не се саможалува.

100-raboti-koi-vistinskite-mazi-ne-gi-pravat-2.jpg

31. Не се плаши да биде искрен самиот со себеси.

32. Не дозволува неуспехот да влијае на неговата мотивација.

33. Не им завидува на другите.

34. Не бега од проблемите.

35. Не оди подалеку од неговата „черга“.

36. Не бара од жената да се промени, туку ја прифаќа онаква каква што е.

37. Не се плаши да преземе ризици.

38. Не дозволува стравот да влијае на неговите одлуки.

39. Не се двоуми кога треба да излезе до „безбедната зона“.

40. Не останува непроменлив.

41. Не пие зад воланот.

42. Не краде, освен ако тоа не е единствениот начин за да го прехрани семејството.

43. Не ги злоупотребува другите луѓе.

44. Не се тепа, освен ако нема вистинска причина за тоа.

45. Не се плаши да каже „Те сакам“.

100-raboti-koi-vistinskite-mazi-ne-gi-pravat-3.jpg

46. Не гледа во други девојки додека седи со една.

47. Не глуми дека е нешто друго кога е во присуство на девојка.

48. Не троши пари и време за забави повеќе одошто има.

49. Не им кажува на другите како треба да живеат.

50. Не ги малтретира животните.

Уште 50 работи на следната страна...



Би можело да ве интересира:

„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
8 митови за очила за сонце што можат да ви ги оштетат очите Треба да носите очила со UV заштита и во зима, а и не мора да купувате многу ска...
„Ме нападна ајкула во плитка вода, ми ги одгриза дланката и ногата – маж ѝ удри бокс за да ме спаси“ „Бев во шок. Мојот мозок знаеше дека нешто се случува, но телото не ми реагираше...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
„Мајка ми беше осамена вдовица и бараше љубов на интернет – стана жртва на измамници и изгуби милион... „Џенет беше скржава, си ги броеше и ситните пари, па не разбирам како воопшто ја...
8 бонтон правила што можеме да ги научиме од Британците Ако мислите дека сте досетливи кога одите преку ред во продавница или каде било,...

Најчитани неделава