10 знаци дека сте тетка која внуците ја обожаваат

Децата сакаат кога возрасните им обрнуваат внимание, а ако сте тетка на барем едно мало момче или девојче, знаете за што зборуваме.

10-znaci-deka-ste-tetka-koja-vnucite-ja-obozavaat-01.jpg

Тетките се богатство од многу причини - тие се сестри, пријателки, а понекогаш и строга замена за родителите. Но, целата оваа мешавина од улоги е дефиниција за љубов.

Доколку не сте сигурни (но сепак потајно знаете) дали сте тетка која внуците ја обожаваат, овие 10 знаци ќе ве убедат во тоа:

1. Им се обраќате како на возрасни

Децата сакаат кога се еднакви, а не покорени затоа што се мали и „ништо не знаат“. Тоа што се мали и неискусни не значи дека не се интелигентни.


2. Им ги раскажувате глупостите на нивните родители

Родителите намерно ги пропуштаат сите оние глупости и незгоди, мислејќи дека така ќе бидат посериозно сфатени. Но, ако вие им покажувате фотки од лудите фризури на нивните мајки и татковци или им раскажувате по некоја смешна незгода, само позитивно си ја продлабочувате врската.


3. Им подарувате совршени подароци

Кул тетките не ги прашуваат продавачите за добар и соодветен подарок. Тие внимателно ги слушаат желбите на внуците и ако се навистина невозможни, малку ги модифицираат и импровизираат.


4. Ги носите на сите приредби, концерти, родендени каде родителите не можат да стигнат

Можеби не сте љубители на детската музика или претставите, но не можете да им одолеете на тие очиња кои со часови и денови зборуваат за некој настан.


5. Ги зимате и кога излегувате со пријателите

Не ви пречи што тие се помали и ќе ви слушнат дел од разговорите? На овој начин само ја зацврстувате нивната доверба. Плус, кое дете би ја изневерило својата сакана тетка?

10-znaci-deka-ste-tetka-koja-vnucite-ja-obozavaat-02.jpg

6. Им ги лакирате ноктите или им ги поправате автомобилите

Ако знаете да им посветите внимание и да ги исполните ситниците кои за нив се големи работи, верувајте дека сте тетка која никогаш не би ја замениле.


7. Им купувате по некоја ситница каде и да одите

На децата навистина не им е важна сумата, туку мислата со која сте ја купиле таа ситница.


8. Постојано одржувате контакт

Кул тетките редовно им се јавуваат на внуците, без разлика колку се мали или големи.


9. Ги учите да ги играат вашите игри

Секоја чест за технологијата, но ваша должност е да им ја продолжите младоста и да им ја направите интересна. Ако сте успеале во тоа учејќи ги на игрите и финтите кои вие сте ги правеле како мали, тогаш сте обожавана тетка.


10. Си имате ваши мали „тајни“

Без разлика дали се работи за скришно каснатата коцка чоколадо пред ручек со ветување дека никој нема да каже или пак за валкањето во песок, па скришното пресоблекување за да не видат мама и тато, тоа се ситни тајни кои ве поврзуваат до бесконечност.

10-znaci-deka-ste-tetka-koja-vnucite-ja-obozavaat-03.jpg

Би можело да ве интересира:

9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...
10 инспиративни жени кои родителите ги изгласаа како посакувани идоли на своите ќерки Ема Вотсон, Мишел Обама и Марија Кири се дел од инспиративните жени кои се доказ...
Никола, Снежана и уште 6 најпопуларни имиња за момчиња и девојчиња родени во декември Ако треба да станете родители во декември, а сè уште размислувате кое име да му ...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg