Кратка историја за тоа како високите потпетици станале симбол на елеганција

Можеби конечно имаме одговор на познатата дилема на Мерлин Монро - „Не знам кој ги измислил високите потпетици, но сите жени многу му должат.“

kratka-istorija-za-toa-kako-visokite-potpetici-stanale-simbol-na-elegancija-01.jpg

Еве ја светската историја на високите потпетици:


Египет

Првиот пишан доказ дека постојат штикли датира од 3 500 година п.н.е. и тоа во стариот Египет. Ги носеле и жени и мажи кои припаѓале на повисоката класа за време на верските ритуали.


Античка Грција

Во античка Грција актерите носеле чевли на платформа, нивната висина зависела од важноста на улогата.


Среден век

Во средниот век високи чевли носеле и дамите и мажите. Не ги носеле од естетска причина, туку затоа што имале корист од нив – високите потпетици ги заштитувале од калта на улиците.


Турција

Во почетокот на 15 век во Турција се направени папучи на платформа чија висина достигнувала и до 30cm. Овие папучи следните два века станале хит и низ цела Европа од сосема опеинаква причина од онаа поради која биле направени во Турција. Тука биле направени за девојките од харемот да не можат да бегаат.


1533 година

Штиклите станале составен дел од женските животи кога Катерина Медечи во 1533 година ги ставила на себе на својата венчавка, а оттогаш височината на штиклата била сразмерна со статусот на жената во општеството.


Луј XIV

kratka-istorija-za-toa-kako-visokite-potpetici-stanale-simbol-na-elegancija-1.jpg

Едни од најпознатите штикли кои биле во црена боја му припаѓале на кралот Луј XIV кои биле декорирани со украси од земјите каде извојувал победи во битките. Неговите штикли биле 10cm, а другите членови од семејството морале да носат штикли но, никако не повисоки од неговите.


Во Викторијанската доба биле наречени женско превртливо оружје за заведување.

20 век

kratka-istorija-za-toa-kako-visokite-potpetici-stanale-simbol-na-elegancija-2.jpg

Во екот на мрачните случувања, штиклите постигнале огромна популарност, а за тоа најзаслужен е Кристијан Диор кој ги дизајнирал познатите стилето чевли, во кои феминистките ја препознале својата сила.

Па, така високите потпетици и мини здолништата станале симбол за еманципацијата на жената. Потоа настанале и високите потпетици со платформа, со циркови, неонски бои и текни штикли со шпиц врв.

Чевли кои засекогаш ќе останат запаметени во светската историја се оние кои Дороти ги носеше во „Волшебникот од Оз“.

kratka-istorija-za-toa-kako-visokite-potpetici-stanale-simbol-na-elegancija-3.jpg

И секако мора да се споменат потпетиците од серијата Сексот и градот во сцената кога Кери трча низ Њујорк со прескапите штикли.

kratka-istorija-za-toa-kako-visokite-potpetici-stanale-simbol-na-elegancija-4.jpg

Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
„Почнав врска со млад дечко кога бев на одмор во Турција – ми 'продаваше' бајки, па ми украде 18.000... Жена од Англија запознал млад дечко додека била на одмор во Турција и веднаш поч...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
12 очајни онлајн нарачки, поради кои и ќе ви падне жал за луѓето што ги добиле (фото) „Порачав фустан и стрпливо го чекав 3 месеци, Дури и го пробав за да му дадам ша...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...

Најчитани неделава