Среќата и успехот се две различни работи - Едноставни вистини кои пречесто ги забораваме

Дури и најпаметните луѓе знаат да заглават на патот, затоа што забораваат колкав потенцијал имаат.

srekata-i-uspehot-se-dve-razlicni-raboti-ednostavni-vistini-koi-precesto-gi-zaboravame-01.jpg

За да не ја направите истата грешка, потребно е само да се потсетите на следниве работи:

Со образованието и интелигенцијата ништо нема да постигнете ако не делувате

Не е важно ако имате IQ на генијалец и докторат на тема по квантна физика. Ако не можете да направите еден единствен чекор за да ја започнете акцијата, не правите ништо. Знаењето и интелигенцијата се одлични, но се бесполезни ако немате идеја од каде да започнете да делувате.


Среќата и успехот се две различни работи

Познавате некоја неверојатно паметна и успешна личност, која заработува многу пари, но сепак се чувствува тажно и осамено? Веројатно помисливте на неколку. За да не бидете и вие дел од нив, ќе мора да си поставите две посебни прашања. „Што ме прави среќен/на?“ и  „Што ме прави успешен/на?“ Потоа споредете ги одговорите, па пронајдете ја средната вредност ако веќе не можете да го имате максимумот од двете.


Секоја грешка која ќе ја направите е напредок

Грешките се и лекции. Секој пат кога ќе направите една, сте чекор поблизу до целта. Опасни се само грешките кои решавате да ги игнорирате, затоа што сте премногу исплашени за да ги признаете.


Луѓето можат да бидат успешни и во работите кои не сакаат да ги прават

Иако се коси со сите ваши верувања дека работата треба да си ја обожавате за да бидете успешни во неа, вистината е следнава - можете да бидете добри, креативни и талентирани за работи кои не ви се омилени. Доволно е да посветите поголем дел од времето на усовршување на вештините за да бидете неверојатно успешни, колку и да не сте сонувале дека таа ќе биде вашата професија.

srekata-i-uspehot-se-dve-razlicni-raboti-ednostavni-vistini-koi-precesto-gi-zaboravame-02.jpg

Проблемите кои ги имаме со другите, обично се наши лични проблеми

Многу често, проблемите кои им ги префрламе на другите немаат врска со нив. Многу проблеми создаваме потсвесно, во својот ум. Можеби се предизвикани од минатото или од некои необјасниви стравови, но во секој случај таквите проблеми се наши и премногу лични. Се што треба е малку подобро да ја насочиме енергијата кон она што може да биде, наместо што можело да биде.


Емоционалните одлуки ретко се најпаметните

Одлуките водени од тешките емоции обично се оние најгрешните. Вистината е едноставна - не дозволувајте емоциите да ја прелажат вашата интелигенција.


Никогаш нема да се чувствувате 100% подготвени кога ќе се појави шанса

За жал, мислењето дека не сте доволно подготвени за она што ви се нуди може да ви уништи големи планови. Вистината е дека никогаш нема да бидете 100% подготвени. Во природата на човекот е да сака емоционален и интелектуален раст, но токму тие не тераат да останеме во комфорната зона, несвесно. Ако направите само еден мал исчекор, ќе видите дека чудата се случуваат.

Би можело да ве интересира:

9 работи од кои треба да се откажете (за да живеете среќно) Откажете се од навиката судот на другите луѓе да ви диктира како да се однесуват...
25 работи за животот што посакувам да ги знаев пред 10 години Парите не се важни – точно дека ви се потребни, но не се најважната работа во св...
8 работи што секој татко мора да ѝ ги каже на својата ќерка „Се гордеам со тебе“, „Секогаш дели го тоа што го имаш“ - Кои работи секој ...
5 работи кои често ги купуваме, а кои (реално) не ни се потребни Денес се многу популарни справите за вежбање кои се користат дома. Ги гледа...
Непријатни промени што мора да ги направите во 20-тите години ако сакате исполнет живот Сите се свесни дека ако сакат да си го подобрат животот, мора да направат некои ...
12 трикови што треба да ги знаете – ќе ви го олеснат секојдневието За да не ви се „распадне“ кашкавалот додека го рендате, прво ставете го во замрз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg