8 работи за кои силните и независни жени никогаш не се извинуваат

Зборовите „жал ми е“ кажани на најдобрата пријателка која ја оставил дечкото се сосема во ред, но да му се извинувате на келнерот затоа што го вознемирувате, а нарачката ви ја нема половина час е непотребно.

8-raboti-za-koi-silnite-i-nezavisni-zeni-nikogas-ne-se-izvinuvaat-01.jpg

Девојки, време е да свртите нов лист и да почнете да се однесувате како силни и одлучни жени.

Ова се само најважните 8 работи за кои жената со самодоверба никогаш не се извинува:

1. Заради својот љубовен статус

Да бидете сингл не е грев, па затоа никогаш не треба да се извинувате или правдате зошто е тоа така. Доволно е вие да уживате каков и да ви е љубовниот статус.


2. Заради тоа што не сакате да се омажите или да имате деца во скоро време

Запаметете дека животот не е шаблон и не сите мораме да го живееме на ист начин. Ако вашата среќа се крие во работата, патувањата, авантурите или животните – тоа треба да го правите. Животот е премногу краток за да го живеете онака како што не сакате.


3. Заради начинот на кој ги воспитувате децата

Расфрлани работи, 2 деца и куче во домот? И ги слушате критиките од сите страни. Потсетете се дека сите ги правиме работите на свој начин и тука нема простор за оправдување. Никој не е совршен.


4. Заради тоа каков е вашиот сексуален живот

Што се случува, на кој начин или колку чест е само ваша работа. Затоа, заобиколете ги извинувањата на оваа тема.

8-raboti-za-koi-silnite-i-nezavisni-zeni-nikogas-ne-se-izvinuvaat-02.jpg

5. Заради својот успех или неуспех

Никогаш немојте да се мерите со туѓиот успех, ниту да бидете незадоволни од својот. Иако можеби заработувате помалку од вашата пријателка, тоа не значи дека таа е поуспешна и посреќна.


6. Заради своите навики

Поминувате цел час пред огледало додека се шминкате? Не смеете да излезете на улица без коректор и лабело? Тоа е сосема во ред и не е грев. Затоа нема потреба да се извинувате за навиките и рутините кои ги имате.


7. Заради модните избори

Ако во својата гардероба се чувствувате удобно и зрачите со самодоверба, на никој не треба да му се правдате зошто го носите баш тоа „демоде“ парче. Така се чувствувате и точка.


8. Заради своето тело

Со облини или не, со совршени пропорции или далеку од нив, оставете ги празноглавите личности опседнати со нив. Уживајте во своето тело. Вежбајте и водете здрав живот, но само затоа што така сакате, не затоа што некој ве натерал. И никогаш не се извинувајте и кријте ако имате пошироки колкови или гради од останатите.

Би можело да ве интересира:

18 бизарни работи заради кои не знаете дали да се смеете или плачете (фото) „Вреснав од страв кога се запали светлото во тоалетот во ресторанот“ „Вреснав...
Салами замотани како јаже и уште 11 работи што може да се видат само во Италија (фото) „Мијалник со две педали за топло и ладно, наместо рачки на чешмата“, „Во италија...
5 работи што луѓето во Финска ги прават поразлично од нас (и затоа се посреќни) Сметаат дека потиснувањето на емоциите не им е од корист и без разлика каде живе...
Силувале девојчиња, ги убедувале родителите дека се „благословени“ од Исус: Мрачните тајни на сектат... Иако лидерот е зад решетки за силување деца, следбениците на сектата La Luz del ...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Апчиња со арсен, шери по секој оброк – бизарни „трикови“ за слабеење од минатото Апчињата за слабеење со мало количество арсен биле хит, а извесен период жените ...

Најчитани неделава