Поучно писмо до сите млади: Не дозволувајте никој да ве спречи да сонувате

За својот 65-ти роденден Ричард Бренсон се одлучил да исполни 65 предизвици кои ќе ги добива од луѓето ширум светот. Меѓу 65-те предизвици се нашол и еден во кој Бренсон треба да пронајде млада личност на која ќе и помогне да успее без да и понуди материјални средства.

ricard-brenson-moj-iskren-sovet-do-mladite-01.jpg

Идеалната прилика за исполнување на овој предизвик дошла преку писмото на едно младо девојче од Кент.

„Неодамна добив прекрасно писмо од 9-годишната Ени Спајсер Џоунс. Покрај нејзиното писмо, добив и неколку дизајни за авион кој самата таа го измислила, па решив да и помогнам со неколку совети како да ги оствари своите соништа“ – изјавил Бренсон.

„Драг Ричард Бренсон,

Подоцна во пликот ќе најдеш неколку нацрти од авион кој јас го измислив. Во моментот тие се само нацрти и би било убаво ако успееш да ги погледнеш. Авионот сама го именував. Наречен е D-12 Splash. D буквата е добиена по случаен избор, 12 според датата на моето раѓање и Splash затоа што е првото нешто што ми падна на памет.

Ти благодарам,

Ени Спајсер Џоунс (9 години)“ – било писмото кое го добил Бренсон.

ricard-brenson-moj-iskren-sovet-do-mladite-1.JPG

Одговорот на Бренсон гласел:

„Драга Ени,

Ти благодарам за писмото. Твојата креативност е инспиративна. Јас уживам во можноста да разговарам со младите луѓе околу нивните соништа. Често, децата се учат што не можат да прават и што не би требало да прават, но така само се ограничува фантазијата. Не дозволувај никој да те спречи да сонуваш. Фантазијата е еден од најголемите дарови кои можеш да ги поседуваш. Без неа никогаш не би успеале да го промениме светот и да го направиме подобро место.

Ми се допаѓаат твоите дизајни, а што е најважно, си се потрудила твоите идеи да ги преточиш во нацрти. Продолжи така. Како што ќе растеш и созреваш ќе откриеш дека само така можеш да ги оствариш твоите соништа. Јас константно чкрткам и ги запишувам своите идеи. Покрај себе секогаш имам нотес. Да не беше тој нотес можеби Virgin немаше никогаш да постои.

Супер е тоа што се обидуваш да ја промениш авионската индустрија со нов производ. Тоа е иновативност. Ова е голем збор, знам, но како што ќе созреваш и ќе почнеш да работиш, ќе откриеш дека инвентивноста е доста важна работа во животот. Инвентивноста е клуч за најголемите успеси на човештвото.

Меѓу другото, ми се допаѓа што си заинтересирана за индустрија во која доминираат мажите. Ако размислуваш да станеш инженер или пилот, мојот совет е да се посветиш на твојата желба. На светот му требаат повеќе жени инженери, пилоти и претприемачи. Ако се посветиш на твојот сон, со сигурност ќе го оствариш.

Ти благодарам на писмото. Важно е да бараш совети и повратни зборови не само во работата, туку и во животот. Неверојатен е фактот колку врати можат да ти се отворат во животот, ако се насочиш кон луѓето со насмевка на лицето, позитивен став и желба за позитивно влијание.

Продолжи да дизајнираш и да сонуваш Ени – кој знае, можеби еден ден ќе работиш со нас за некои од нашите авиони.

Сè најдобро,

Ричард Бренсон“.

ricard-brenson-moj-iskren-sovet-do-mladite-2.jpg

Би можело да ве интересира:

Ладнокрвно убил дете бидејќи бил жртва на булинг: Морничавата приказна за 13-годишниот „убиец со пег... Во 1993-та, 13-годишниот Ерик Смит од САД ладнокрвно убил 4-годишно дете бидејќи...
„Ме нападна ајкула во плитка вода, ми ги одгриза дланката и ногата – маж ѝ удри бокс за да ме спаси“ „Бев во шок. Мојот мозок знаеше дека нешто се случува, но телото не ми реагираше...
18 луѓе чиј работен ден е (сигурно) полош од вашиот „Донесов мафини на работа за да почестам за роденденот. И тогаш дознав дека ме о...
Човечки заби, мумифицирана мачка: Морничави работи што луѓето ги нашле во своите домови Замислете откако ќе си купите куќа и ќе ја реновирате, во неа да почнете да наоѓ...
Мајка ѝ лажела дека е смртно болна за пари од донации, починала на 7 години: Тажната судбина на Олив... Во својот краток живот, на Оливија ѝ биле направени над 20 операции и постојано ...
Што очекуваме vs. што добиваме во животот, низ забавни илустрации Иако никогаш во животот не сме трчале, упорно се лажеме дека за викенд ќе станем...

Најчитани неделава