Девојка со нозе како чепкалки: На училиште ја малтретирале заради висината, а сега руши рекорди

20-годишната Холи Бурт веројатно ќе го надмине моменталниот рекорд на највисоки нозе во светот. Со своите 126cm долги нозе се кандидираше за надминување на досегашниот светски рекорд кој го држеше моделот Лорен Вилијамс со 124cm.

devojkata-so-noze-kako-cepkalki-so-126cm-dolgite-noze-go-nadminuva-rekordot-01.jpg

Холи е висока 196cm и како резултат на својата висина често била малтретирана во училиште, но како што вели: „Работите се променија откако се преселив во Њујорк“.

„Запознав момци на кои воопшто не им пречи мојата висина. Сега имам правило дека не се состанувам со момци кои се пониски од 190cm, а за среќа Њујорк е преполн со високи мажи“ – додава 20-годишната студентка од Флорида.

Се чини дека гените си ја завршиле својата работа. Таа својата висина ја наследила од своите родители. Нејзината мајка висока е 185cm, а нејзиниот татко 190cm. Таа дури и ги надминала: „Јас сум најмлада и највисока во моето семејство“ - вели Холи.

Би можело да ве интересира:

Фотки кои покажуваат колку неверојатно (и уникатно) може да биде човечкото тело Личност родена без отпечатоци на прстите, девојче кое се родило со две бои на ко...
Ја избодела мајка ѝ 79 пати, имала шизофренија: Морничавиот случај на Изабела Гузман Во 2013-та, тогаш 18-годишната Изабела Гузман од САД ја избодела мајка си 79 пат...
Фото-докази дека живееме во „бетонски“ урбан пекол Огромни згради, сивило и ниту едно дрво – дали сите поголеми градови ги претвора...
Одземена титула, прогласување погрешна победничка: Најголемите контроверзии на Мис Универзум Неколку мисици ги изгубиле титулите поради однесувањето или непромислените изјав...
Некултурни луѓе кои заслужуваат да се најдат на „ѕид на срамот“ (фото) Луѓе кои блокираат раскрсници бидејќи минуваат на жолто, родители кои им дозволу...
„Ја организирав евакуацијата по катастрофата во Чернобил – бев само по маичка и здолниште, несвесна ... „Првиот автобус пристигна во 14 часот. Стоев во мојата маичка и моето здолниште,...

Најчитани неделава