Одземена титула, прогласување погрешна победничка: Најголемите контроверзии на Мис Универзум
Неколку мисици ги изгубиле титулите поради однесувањето или непромислените изјави, а годинава неколку убавици напуштија настан во склоп на изборот за да поддржат учесничка која беше навредена.

Мис Универзум е еден од најпознатите и најголемите натпревари за убавина со учеснички од целиот свет, вклучувајќи ја и Македонија.
Во голема мера, сите вклучени во настанот се однесуваат професионално, а убавиците пробуваат да ја прикажат својата земја во најдобро светло.
Но, како и кај секој настан од толкав размер, низ годините Мис Универзум се има соочено со контроверзии.
Дел од најпопуларните:
Американска претставничка беше избркана откако се дозна дека лажела
Во 1957 година, Мери Леона Гејџ требаше да ја претставува САД на Мис Универзум.
Но, го изгуби правото откако се дозна дека лажела за својата возраст – имала 21 година, наместо 18.
Исто така, тогаш на убавиците им било забрането да имаат деца или да бидат во брак, а Мери лажела и за ова. Односно, била во брак и имала две деца.
Подоцна, во 2005-та, Мери откри дека се пријавила на натпреварот со надеж дека ќе ѝ даде можност да избега од сопругот со кој се венчала на само 14-годишна возраст.
Мисица од Порторико тврдеше дека некој сакал да ѝ наштети
Во 2008 година, Ингрид Мари Ривера ја претставуваше Порторико на Мис Универзум.
Но, на натпреварот во родната земја, таа тврдеше дека некој ѝ го испрскал фустанот со спреј од лута пиперка (pepper spray).
Откако победила, Ингрид сподели дека на лицето ѝ телото и се појавил исип кој пробувала да го смири со мраз.
Била направена истрага која го потврдила нејзиното тврдење, но сторителот не бил пронајден.
Водителот Стив Харви ја круниса погрешната мисица
Во 2015 година, водителот Стив Харви прогласи погрешна победничка натпреварот.
Тој ја прогласи Мис Колумбија за победничка, кога вистинската победничка беше Мис Филипини.
Водителот веднаш си ја коригира грешката, но подоцна изјави дека по инцидентот ја имал „најлошата недела во животот“.