Одземена титула, прогласување погрешна победничка: Најголемите контроверзии на Мис Универзум

Мис Порторико ја изгуби круната во 2016-та

Во 2016 година, Кристиел Карид беше избрана како претставничка на Порторико, но набрзо потоа ја изгуби титулата.

Имено, убавицата сама откажувала настани и интервјуа и одбивала да се фотографира бидејќи „мразела фотоапарати“.

Убавицата ги тужеше организаторите со тврдење дека тој период минувала низ тежок период и им бараше оштета од околу три милиони долари.

Но, сепак, судот одлучи дека таа го прекршила нејзиниот договор, па не доби ништо.

odzemeni-tituli-proglasuvanje-greshka-pobednichka-najgolemite-kontroverzii-na-mis-univerzum-05.JPG

И мисица од Перу ја има изгубено титулата

Во 2019 година, Ануела Градос која ја претставуваше Перу, доби забрана да учествува на Мис Универзум.

Причината е видео на кое девојката е толку пијана, што дури повраќа.

Наводно, видеото било споделено онлајн по грешка, додека мисицата тврдеше дека таа е жртва бидејќи нејзината репутација била уништена.

Но, ова не ѝ помогна да си ја врати титулата.

odzemeni-tituli-proglasuvanje-greshka-pobednichka-najgolemite-kontroverzii-na-mis-univerzum-06.JPG

Мис Боливија ја изгуби титулата поради навреди кон другите мисици

Во 2022 година, само два месеца пред да се одржи Мис Универзум, Марија Фернанда, која требаше да ја претставува Боливија, ја загуби титулата.

Во видео што го објави на Инстаграм Стори, таа ги коментираше другите натпреварувачки, но и ги навредуваше.

Изјави дека мисиците од Парагвај, Бразил и Ел Салвадор изгледале како „стари жени“, додека за мисиците од Венецуела и Перу рече дека личеле на „транссексуалци“.

Таа се соочи со остри критики и иако пробуваше да се извини, беше отстранета од натпреварот.

odzemeni-tituli-proglasuvanje-greshka-pobednichka-najgolemite-kontroverzii-na-mis-univerzum-7.JPG

Неколку мисици напуштија настан во знак на солидарност

И годинашното издание на Мис Универзум си има скандал.

На настан во склоп на натпреварот, Мис Данска, која победи лани, ја напушти просторијата откако еден од организаторите ја навреди мисицата од Мексико.

На настан во хотел во Тајланд, потпретседателот на организацијата што го води натпреварот ѝ се обрати на мисицата од Мексико.

Наводно, таа не присуствувала на фотосесија со спонзор, па почна да ја напаѓа и им рече на останатите девојки дека мораат да промовираат сè што ќе им се нареди.

Мисицата сакаше да објасни што се случило, но организаторот ја нарече „глупава“ и нареди да биде изнесена од просторијата.

Но, како што излегуваше, стана ланската победничка, а потоа и уште неколку други претставнички.

Потпретседателот дури им се закануваше на мисиците дека ќе ги дисквалификува, но тие не го послушаа.

„Овде во прашање се женските права. Жал ми е, мора да направиме нешто поголемо. Имаме почит за сите, но не треба вака да се справувате со работите.

Големо непочитување е да се навреди друга девојка. Затоа си заминав“, изјави ланската победничка за инцидентот.

odzemeni-tituli-proglasuvanje-greshka-pobednichka-najgolemite-kontroverzii-na-mis-univerzum-08.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Посвоила деца и ги терала да снимаат Јутјуб видеа, ги казнувала со тепање: Мрачната приказна зад кан... Машел Хобсон заработила милиони со нејзиниот Јутјуб канал на кој објавувала виде...
„Мислев дека имам совршен живот со маж ми, но тој водел двоен живот – имал деца со друга жена и бил ... Британката Лејси била сигурна дека го живее сонот - имала сопруг кој ја сака, за...
Се венчале по 6 месеци врска, во брак се 60 години, таа денес оди со него на ревии – Љубовта на Ралф... Најубавата љубовна приказна во модниот свет е на Ралф Лорен и сопругата - таа му...
Се венча со неговата 13-годишна братучетка и си ја уништи кариерата: Вознемирувачката приказна за му... Кога Елвис Присли служел воен рок, на музичката сцена се појавил Џери Ли Луис ко...

Најчитани неделава