Работи кои можат да ги разберат само „ноќните птици“

Луѓето кои се ноќни птици не одбрале самите да се такви, исто како и ранобудниците кои не го направиле сами тој избор. Тоа е нешто кое ги одредува уште додека се деца.

Raboti-koi-mozhat-da-gi-razberat-samo-nokjnite-ptici-01.jpg

За да проверите дали сте ноќна птица, доволно е да се пронајдете во следниве потточки:

1. Подобро им е кога чистат на полноќ

Луѓето кои се попродуктивни навечер сакаат да си ги завршат обврските пред да одат да спијат. Во текот на денот ќе најдат милион оправдувања зошто не можат да ја раскренат собата, но немаат никаков проблем во еден часот по полноќ да ја расчистат облеката.


2. Немаат проблем да готват по полноќ

Разберете ги тоа е посилно од нив. Тие сигурно се обидувале многу напорно да преземат некои од карактеристиките на ранобудниците, но едноставно не можат. Многу по продуктивни се навечер.


3. Најдобрите идеи доаѓаат во 11 навечер

Може ќе сработат многу во текот на денот, но најголемиот наплив на енергија им доаѓа навечер. Тогаш им паѓаат на памет еден куп идеи и желби, па неможејќи да им одолеат стануваат и работат. Тогаш праќаат меилови, гледаат телевизија, размислуваат што да направат утре на работа...


4. Нема шанси рано да си легнат и рано да станат

Дури и да ги исклучат сите светла, телефони, компјутери, апарати нема шанси да заспијат пред 2 часот. И да се обидат со било што, од јога, читање, до гледање филмови тие нема да завршат пред 1 часот по полноќ.


5. Ако станат рано ќе бидат поспани цел ден

Нема ако станат порано „да го фатат денот“, да бидат многу одморени и среќни поради тоа. Баш напротив, ќе го менуваат расположението на секои 5 минути.


6. „Вечер ќе си легнам порано“

Си ја кажуваат ова реченица секој ден, но никогаш не се случила навистина. Без разлика на тоа колку се исцрпени и уморни, во ноќта се најпродуктивни и нема шанси да заспијат. Многу е тешко да се промени биолошкиот часовник.

Би можело да ве интересира:

Кога ќе ни дојдат гости во Македонија: Им даваме стари влечки (а ги нудиме и нашите), а тема ни е де... „Без разлика дали се најавени или не... Гостите кога пристигнуваат, во последна ...
10 архитектонски идеи од различни земји, кои ќе ви го сменат мислењето за секојдневниот живот Од подводни ресторани, преку дрвени скали кои се користат и како библиотека, до ...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
12 импресивни трансформации, кои ќе ве инспирираат и вие да смените нешто (дома или кај себе) „Имав лош период и поминав скоро 2 недели во кревет плачејќи, без да станам. Кос...
14 илустрации за сите жени кои доминираат низ животот Илустраторка ја слави самодовербата, амбицијата и љубовта кон себе, потсетувајќи...
10 новогодишни суеверија што (наводно) ќе ви донесат среќа во 2026-та Ставете повеќе пари во паричникот за да биде полн кога ќе влезете во новата годи...

Најчитани неделава