Зошто есента е најдоброто годишно време?

Есента е годишно време на промени, на флексибилност, чадори и капути. Само во есен можете да излезете наутро во маичка на сонце, а вечер да се вратите намокрени од есенскиот дожд...

pricini-poradi-koi-esenta-e-najdobroto-godishno-vreme-01.jpg

Постојат неколку главни причини зошто есента е најдоброто годишно време:

1. За сите оние кои го сакаат летото и ги запоставиле своите обврски и работни задачи

Есента е период од годината кога сите се враќаат со полна пареа и наполнети батерии од веќе изминатото лето. Децата почнуваат на училиште, а годишните одмори се веќе искористени. Есента е идеално време за започнување со нова работа.

pricini-poradi-koi-esenta-e-najdobroto-godishno-vreme-1.jpeg

2. Есента е време на маички, чевли, палта и топли капути

Чадорот е задолжителен сопатник во есенските денови, иако понекогаш се потребни и очилата за сонце. Есента е време на крцкаво шушкање на лисјата под новите чевли и стариот добар мантил, а  шалот во најмала рака ќе ве спаси од есенскиот ветар.


3. Есента е одличен период за кафе со пријателот со кого сме се подзаборавиле во летниот период

Време кога мириса на топло кафе, време на првиот чај со цимет и две-три колачиња. Тогаш и секој сончев зрак е благодат и секој  од нас гледа да го украде есенскиот сончев ден.

pricini-poradi-koi-esenta-e-najdobroto-godishno-vreme-2.jpg

4. Ова годишно време е идеално за нови љубовни почетоци

Затоа што поминаа летните авантури и ни треба топла прегратка. Добар филм и ќебе, тоа ни треба за одлична есенска вечер. Затоа што нема поубава прошетка од онаа есенската во паркот покрај жолтите лисја и соголените дрвја.


5. Затоа што помина времето на бикини

Есента е време на топол симид, коцка сирење и ајвар. Затоа што наместо во ладно кафе, уживаме во топло чоколадо.


Ете, затоа ја сакам есента!

Н. Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 реални ситуации што може да ви се случат кога ќе отидете во продавница „само по леб“ Одите во продавница по пижами со надеж дека нема да сретнете никој познат или со...
6 знаци дека трошите неконтролирано (и не знаете каде ви одат парите) Секој ден купувате кафе наместо да си носите од дома, постојано купувате оброци ...
Ги шпионирал нацистите во Втора светска војна: Кој е Србинот што е инспирација за Џејмс Бонд? Душан или Душко Попов бил таен агент за време на Втората светска војна. Нацистит...
12 луѓе кои ќе мора да ја сменат фотката на пасошот за да не изгледаат како две различни личности „Јас сум мајка на пет деца, но дури откако наполнив 40 години и по разводот, поч...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
Дишење опасни гасови, хероин: Бизарни лекови за настинка и грип од минатото Во минатото, луѓето верувале дека со испуштање крв, телото се чисти од токсини, ...

Најчитани неделава