Секој ден, пишувајте по една приказна

Секој нов ден е бела страница на која вие имате можност да ја напишете најубавата приказна.

sekoj-den-pisuvajte-po-edna-prikazna-01.jpg

Правете нешта кои ќе ви ја полнат душата, ќе ви предизвикуваат насмевки, ќе ве направат подобри...

Поставете си предизвик!

Мотивирајте се самите себе да започнете нешто ново, бидејќи ако вие не го направите тоа, никој друг нема да го направи за вас. Воведете нов режим на исхрана кој ќе ви помогне да имате супер тело, предизвикајте се да читате што повеќе или почесто да посетувате театар, натерајте се себеси вашиот дом секогаш да е среден и чист, предизвикајте да направите една подобра верзија од вас.


Предизвикајте насмевка!

Изненадете ги вашите најсакани со вкусна, едноставна, чоколадна торта. Направете ја сами со многу љубов. На сите нам, познато ни е она совршено добро чувство на вкус кога каснуваме торта, она чувство кое предизвикува слатка насмевка. Израдувајте ги вашите најмили внучиња, вашата баба или мајка, вашиот сакан...

sekoj-den-pisuvajte-po-edna-prikazna-02.jpg

Пишувајте...

Започнете да пишувате дневник. внесувајте ги вашите чувства, мисли, идеи, па дури и рецепти за готвење. Истражувањата на оваа тема покажале дека луѓето кои водат дневник се похрабри, полесно се справуваат со стресот, лутината, очајот, а воедно се многу посреќни и позадоволни од својот живот за разлика од оние кои не пишуваат. Така да, уште денес трк по најубавиот нотес и започнете со пишување на една убава, долга приказна...


Слушајте...

Не ги одложувајте средбите со пријателките за по некое време, кога ќе се ослободите од обврски, кога ќе имате слободен ден итн, бидејќи  никогаш нема да ги реализирате. Оваа недела, одете на кафе - муабет со другарката од средно која ве познава подобро од сите, изненадете ја со цвеќе колешката од факултет со која заедно ги подготвувавте испитите... Одржувајте контакт со луѓето, секој човек има своја приказна, можеби токму денес таа ќе биде најубавата која воопшто сте ја слушнале.

Автор: М.К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 чудни дизајни што ќе ве остават со подзината уста (фото) Иако постојат работи што нè воодушевуваат, има и такви кои знаат да нè остават с...
Фотки кои ќе ве потсетат што сè преживеавме за време на пандемијата Некои носеа маски, а некои цел скафандер за да се заштитат, а учењето и работење...
8 причини зошто животот со смартфон е (многу) полесен, низ илустрации Ако порано сакавме да си купиме облека, немавме избор освен со часови да шетаме ...
Моќно видео: Немажените сакаат брак, невработените - работа, паровите без деца - деца, но... Тие што се во брак размислуваат за развод. Тие што се сингл сонуваат да се ожена...
„Разговорот што посакувам да го имав со мајка ми пред да наполнам 40 години“ „Мајка ми убаво ми објаснуваше за промените на моето тело. Уште пред да си играм...
Сосед ѝ истурил киселина бидејќи бил опседнат со неа: Потресната приказна на Наталија од Колумбија „Беше како вода. Не знам што ми истури, не се сеќавам дека почувствував некаков ...

Најчитани неделава