„Разговорот што посакувам да го имав со мајка ми пред да наполнам 40 години“

„Мајка ми убаво ми објаснуваше за промените на моето тело. Уште пред да си играм со Барби кукли, ми кажуваше дека градите ќе ми пораснат, ќе ми се прошират колковите, дека ќе добијам менструација. Но, перименопауза? Тој збор никогаш не бил тема на разговор“.

posakuvam-majka-mi-da-zboruvashe-so-mene-za-menopauza-pred-da-napolnam-40-godini-01.jpg

„Имав шест години, бев на подот пред спалната соба на мајка ми и ја гледав додека седи со нејзините пријателки пред телевизорот.

Вратата беше полуотворена. Звукот на телевизорот беше тивок, но звучеше како нешто важно.

Една од жените се ладеше со списание. Друга се насмеа многу гласно.

На телевизорот, жена зборуваше за менопауза со внимателно избрани зборови соодветни за дневна ТВ програма.

Не ги разбирав зборовите, но сфатив дека се случува нешто со нивните тела и дека е важно.

Мајка ми убаво ми објаснуваше за промените на моето тело. Уште пред да си играм со Барби кукли, ми кажа дека ќе ми пораснат градите, ќе ми се прошират колковите, дека ќе добијам менструација.

Таа веруваше во информација, а не страв.

Но, перименопауза? Тој збор никогаш не бил тема на разговор.

posakuvam-majka-mi-da-zboruvashe-so-mene-za-menopauza-pred-da-napolnam-40-godini-03.jpg

Менопаузата беше претставена како крај, врата низ која ќе поминете подоцна, кога вашите деца ќе пораснат и вашето тело веќе не е корисно.

Она што доаѓа пред неа, долга, хаотична средина, се третираше како да не постои. Како нешто кое само треба да го издржиме.

Милиони жени искусуваат перименопауза. Додека за повеќето почнува во нивните 40-ти, одреден процент ја искусуваат во 20-тите или 30-тите.

За време на оваа фаза, хормоните на жената флуктуираат, па тешко е да се одреди точниот датум кога почнала менопаузата и, за жал, тешко е да се третираат симптомите.

Имам 41 година и уште не сум во перименопауза (барем така мислам), но можам да почувствувам дека наближува.

Некои ноќи имам чудна несоница. Мојата кожа, која некогаш беше отпорна на сè, сега почна да се суши. Ги забележав овие работи порано од очекуваното. Промени кои не можам баш да ги именувам, но ги забележувам.

Тоа е делот што го прави целото искуство толку чудно. Уште не сум „таму“, па никој нема одговори за мене.

Нема официјални зборови за она што се случува помеѓу. Уште функционирам, но има суптилни промени.

За мене, ова не е доволно драматично за да предизвика грижа, но е постојано присутно и ме тера помислам дека нешто се менува.

posakuvam-majka-mi-da-zboruvashe-so-mene-za-menopauza-pred-da-napolnam-40-godini-02.jpg

Тоа што мајка ми не ми кажа ништо не е нејзина вина. Верувам дека го дала најдоброто од себе.

Мислам дека проблемот е повеќе социјален.

Дозволуваме жените да влеза во перименопауза сами, вооружени со „полуодговори“ и шеги за топлотните бранови.

Наместо тоа, овие разговори треба да почнат порано и да еволуираат со текот на времето.

Во нашите тинејџерски години доволно е да ни кажат дека хормоналните промени не престануваат со пубертетот, дека има уште поглавја.

Во 20-тите и 30-тите може да имаме искрени разговори за тоа како стресот, спиењето и менструалните циклуси може да почнат да се менуваат пред да прекинат и дека проблемите со концентрацијата или анксиозноста не се знак дека сме потфрлиле.

Додека ќерката да наполни 40 години, разговорот треба да биде директен – менопаузата постои, може да трае со години и промените не значи дека има некаков проблем.

Мојата ќерка има шест години и нема да ја повторам оваа тишина.

Ќе ѝ ја кажам вистината: твоето тело ќе се промени повторно (и повторно и повторно) и ќе имаш повеќе прашања отколку одговори. И ти, моја сакана, немаш некаков проблем. Ти растеш и тоа е нешто убаво.

Извор

Би можело да ве интересира:

6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
„Мислев дека мајка ми била модел во Русија, но се рекламирала како ’невеста по нарачка‘ во списанија... Катја од Русија, која живее во САД, мислела дека нејзината мајка работела како м...
„На 6 години мајка ми ми кажа дека имам рак, ми даваше терапии и ми ја избричи косата – но ме лажела... „Мојот ’рак‘ беше потполна лага. Приказна измислена од мајка ми Тереза не само з...
Фото-компилација: Како изгледале главните градови на земјите ширум светот пред повеќе од еден век? Поради впечатливата архитектура, можеби лесно би го познале Лондон на фотка од п...
Таџ Махал, Нотр Дам: Колку долго се граделе најпознатите знаменитости во светот? Знаевте ли дека изградбата на Големиот кинески ѕид траела околу 2.300 години? По...
„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg