За мојата постара пријателка

Да, со таа пријателка разговорот ми тече како вода. Таа има години колку мојата мајка, а не ми е мајка. Таа има искуство и поминала многу и не се срами да го каже секој детаљ од нејзиниот живот.

za-mojata-postara-prijatelka-01.jpg

Зачудувачки и јас ѝ се доверувам, бидејќи знам дека нема да добијам банален средношколски совет, туку нешто што е поткрепено со долгогодишно искуство.

Таа ме разбира совршено за сè што ќе ѝ кажам, бидејќи го има поминато сето тоа што јас го поминувам сега. Секој мој проблем гледан од аспект 20 години подоцна е многу помал.

И учам, постојано учам. Таа има поминато неколку професии, дел успешни, дел неуспешни, имала и успешни и неуспешни врски. Видела многу - големи и мали, слободни и заробени, богати и ситни души. И секоја средба со таквите ѝ дала поука која таа денес ми ја пренесува.

za-mojata-postara-prijatelka-2.jpg

А, јас не се бунам, само примам од искуството и го градам своето за еден ден да биде пренесено.

Таа ми го кажува сè она што ми го кажува мојата мајка, но и нешта кои мајка ми ги крие од мене за да ме заштити, затоа што е мајка и не сака да ме пушти во оган.

А, оваа пак немилосрдно ме пушта да се изгорам, за да почувствувам, за да откријам, да видам како боли, па да ми ја преврзе раната со убав збор, а не со прекор.

Разговорот со неа секогаш ме опушта, за разлика од разговорите со моите врснички. Нивните разговори понекогаш се здодевни, затоа што се исти со моите, сме се нашле во исто небрано, па бараме излез, ама не секогаш го наоѓаме.

И многу ќе помислат една е мајката. Да, се согласувам, но понекогаш е добро да се има една поинаква личност во животот која има одговор за сè.

Поздрав до мојата постара пријателка!

Имате ли вие по една таква личност во својот живот?

Н. Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Стаклена туш кабина во соба, ТВ над врата на тоалетот - 14 хотели кои како да сакаат намерно да ги и... „Моите родители престојуваа во хотел во кој требаше да добијат и појадок. Секое ...
„Вечерва Нова година ќе славам во пижами и (можеби) ќе заспијам пред полноќ“ „Нема да го пропуштам дочекот на Новата година, туку намерно ќе останам дома. За...
9 трикови за пакување за во куферот да не ви владее хаос (и да собере сè) Купете организери за куфер, а за на плажа, ќе ви завршат работа и потенки крпи к...
Татко ѝ беше убиен, брат ѝ загина во авионска несреќа, детето ѝ почина од рак: Тажниот живот на ќерк... Керолин Кенеди е единствениот преживеан член од семејството Кенеди. Татко ѝ Џон ...
„Бев инфлуенсерка и го експлоатирав син ми за кликови – има Даунов синдром, го снимав и кога плачеше... „Кога веќе имав 100.000 следбеници, син ми Диего си дојде дома со плачење – го и...
Што прават терапевтите кога се чувствуваат депресивно? Прават работи што ги радувале кога биле деца, си поставуваат реалистични цели за...

Најчитани неделава