Папагали, петли, брадавици: Најчудните методи за предвидување на иднината

Историјата не научи многу нешта. Многупати сме биле изненадени од одредени историски работи кои денес не се практикуваат. Една од праксите од минатото која и ден денес се практикува е дивинацијата, народски наречена: гатање, односно предвидување на иднината.

papagali-petli-bradavici-najcudnite-metodi-za-predviduvanje-na-idninata-01.jpg

Телевизијата, интернетот, самонаречените окултисти и спиритуалисти, не бомбардираат со своите „визии на иднината“.

Денес, најчесто во селските подрачја се користат стари методи на предвидување, како гледање на шолја од кафе, користење на тарот карти, гледање на грав и сл.

Дали верувате во овие техники останува на вас.

Кои биле најчудните методи на предвидување низ историјата?

Алектриоманција

Се работи за предвидување на иднината со помош на петел. Тој бил ставен среде купови со жито. Секој куп претставувал буква. Кога петелот ќе почнел да ги јаде, се дешифрирале буквите и се добивал одговорот на прашањето.

Ова требало да се прави само кога месечината или сонцето биле во соѕвездието на овенот, инаку гледањето немало да успее.

papagali-petli-bradavici-najcudnite-metodi-za-predviduvanje-na-idninata-1.jpg


Харуспиција

Се работи за предвидување на иднината преку детално истражување на животинската утроба, обично на црниот дроб. Иако оваа техника била најпозната кај Римјаните, се работи за етрурска пракса.

Најпознатиот харуспикс (како што ги викале луѓето кои го практикувале овој начин на гледање) бил Спурина, кој дури и Јулиј Цезар го викал да прави предвидувања.

papagali-petli-bradavici-najcudnite-metodi-za-predviduvanje-na-idninata-2.jpg


Папагалска астрологија

Оваа пракса потекнува од Индија, но популарноста ја добила во Сингапур. За предвидување се користеле зелени папагали. Клиентот го изговорал своето име додека врачот пред него поставува голем број на картички, базирани врз индиската космологија. Потоа го отворале кафезот, а птицата ја избирала картата.

Една птица, по име Мани успешно ги предвидела сите победници на четвртфиналето на Светското првенство во фудбал во 2010 година. Сепак, не успеала да го погоди победникот.

papagali-petli-bradavici-najcudnite-metodi-za-predviduvanje-na-idninata-3.jpg


Скатоманција

Се работи за предвидување на иднината преку измет. Оваа пракса е стара со векови, а постоела во многу различни форми. Најраната верзија била развиена во древниот Египет.

Иднината се дешифрирала преку анализа на обликот, текстурата, па дури и мирисот на изметот на клиентот.

papagali-petli-bradavici-najcudnite-metodi-za-predviduvanje-na-idninata-4.jpg


Румпологија

Верувале или не, оваа „дисциплина" се нарекува румпологија, а една од нејзините први ученички била мајката на Силвестер Сталоне, Џеки. Се работи за читање на иднината врз основа на задникот.  

Џеки верува дека оваа техника се практикувала дури и во Вавилон, Индија, античка Грција и Рим. Џеки Сталоне вели дека левата и десната половина на задникот може да ни ги открие минатото и иднината.

papagali-petli-bradavici-najcudnite-metodi-za-predviduvanje-na-idninata-5.jpg


Претскажување преку брадавици

Оваа техника потекнува од Јапонија. Иднината се предвидува според обликот на брадавицата. Се работи за шега која, сепак, некои луѓе ја сфаќаат сериозно.

papagali-petli-bradavici-najcudnite-metodi-za-predviduvanje-na-idninata-6.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Портокалови малини и уште 11 работи што можете да ги видите само во Индија (фото) Кобра која ѕирка од плантажа за чај, храна послужена на лист од банана, волшебно...
5 можни причини зошто домот ви е во хаос, а не се мрзеливост Имате депресија или можеби минувате низ голема животна промена – ако хаосот во д...
14 креативни (и по малку бизарни) производи, што ќе сакате да ги купите веднаш Од сапун со мирис на сланина, преку плишан мајмун - држач за влажни шамивчиња, д...
Одговори на прашања што сигурно сте си ги поставиле барем еднаш Зошто славиме роденден со торта, но и зошто исечениците од хартија болат толку м...
12 луѓе кои ќе мора да ја сменат фотката на пасошот за да не изгледаат како две различни личности „Јас сум мајка на пет деца, но дури откако наполнив 40 години и по разводот, поч...
Неочекувани, но пријатни изненадувања што ги носи староста, според повозрасни дами „Едноставно, веќе не се грижам за ништо. Не ми се верува колку време сум трошела...

Најчитани неделава