Дедо Мраз ќе слабее

dedo-mraz-ke-slabee-povekjeСедиот и буцкаст Дедо Мраз наскоро би можел да биде заменет од многу помлад и повиток колега, бидејќи големиот стомак и возењето во удобните...

 

...санки не се најдобар пример за децата.

"Постои врска помеѓу земјите кои го почитуваат Дедо Мраз и оние во кои е висок процентот на гојазни деца, затоа би му било подобро да држи диета и да оди пешки или со велосипед." вели Нејтан Грилс во една студија објавена во магазинот "British Medical Journal".

dedo-mraz-ke-slabee

Иако Нејтан смета дека е прерано да се тврди дека тука постои причинско-последична врска, тој сепак смета дека Дедо Мраз праќа порака дека гојазноста е синоним на доброто расположение.

Во некои земји на Дедо Мраз, традиционално му се оставаат колачиња и алкохол, бидејќи е познат како некој кој многу сака да јаде и да се напие по некоја чашка. На ова, Грилс вели дека имиџот на Дедо Мраз треба да се смени со тоа што наместо колачиња и алкохол луѓето би му оставале целер и моркови кои би ги изел заедно со ирвасите.

Уште нешто што Грилс го приметил е тоа дека на некои честитки Дедо Мраз пуши луле, што исто така остава впечаток дека тоа е во ред: "Ако оној кој има 99 години, пуши и здрав е, тогаш зошто не би можеле и децата да запалат?"

Како резултат на ова Дедо Мраз, според Грилс, треба да биде: Виток маж кои се бави со спорт како би бил во форма за тешкиот напор кој го очекува во текот на празниците.

Се сомневаме дека новиов имиџ ќе му прилега на Дедо Мраз затоа што тој отсекогаш бил буцкаст сед старец. И таков и си го сакаме!

Би можело да ве интересира:

Секојдневни работи што не сме свесни дека ги правиме погрешно Знаевте ли дека постои попрактичен начин за ставање на освежувачот во тоалетната...
Gökotta или слушање на птиците наутро: Шведски концепт кој ќе направи да се вљубите во утрото Дали некогаш сте се запрашале како да станете утринска личност, со нетрпение оче...
Adidas патики, дизајнерска облека – Како да разликувате оригинали од евтини копии? Како да знаете дека часовникот што го купувате е оригинал, а не евтина копија? Н...
Развратниот живот на креаторот на Барби - сакал неговите девојки да личат на куклата, организирал ор... Џек Рајан, едниот од дизајнерите на Барб, бил толку опседнат со својата креација...
Му дала 4 милијарди долари, му го препишала богатството: Како фотограф ја измамил наследничката на L... Познат фотограф успеал да извлече огромна сума пари од најбогата жена на светот&...
Како да им дадете „втор живот“ на старите перници? Ако имате куче или маче, старите перници може да ги искористите да направите одл...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg