За еден сон и неговото толкување

Се разбудив исплашено и збунето. Ми требаа неколку минути за да се освестам дека сонував, а не е јаве. Ги отворив очите и блеев во ѕидот. Потоа се фатив за лицето, се погалив и си реков добро е, било сон.

za-eden-son-i-negovoto-tolkuvanje-01.jpg

Приквечерина како и секоја недела заминав на средба со групата за личен раст и развој. Влегов, а таму ме чекаа пријатни лица кои и покрај своите маки и радости секогаш ме слушаа со внимание. Конечно стигна и мојот ред, а мене во мисла ми беше само сонот и ништо друго. На прашањето што имам да споделам, одговорив само едно - сонот!

И почнав... Сонувам дека спијам, во сонот се будам, се допирам за лицето и забележувам дека имам огромни мозолки на лицето, досега никогаш такви сум немала. Беа многу, низ речиси целото лице. Бев ужасната, станав и отидов до огледалото, не можев да си поверувам на она што го гледам. Збунета, згадена и целата во шок, почнав да го мијам лицето, ставив пудра со надеж дека ќе се исушат, но ништо не помагаше... се разбудив... во сонот.

Психотерапевтот: Ајде да пробаме нешто, биди малку во сонот и замижи. Биди со тоа лице. Како се чувствуваш?

Јас: Ужасно, не можам да си поверувам што се случи со моето лице,исплашена сум.

Психотерапевтот: Што ти доаѓа да му направиш на лицето?

Јас: Ништо не сакам да им направам на мозолките, едноставно ми доаѓа да си го откорнам лицето!

Психотерапевтот:  Направи го тоа (се разбира во преносна форма). Што излегува под тоа?

Јас: (по невербалното корнење на лицето, посмирена) Па ништо, повторно е моето лице, ова што си го имам.

Психотерапевтот: Отвори ги сега очите!

И покрај ужасот што го доживеав со сонот, тој носеше една многу силна порака. Помина тој период на колебливост и преод од незрело кон зрело однесување.

Ги нема веќе адолесцентните мозолки кои се појавија во сонот, туку едно лице кое се оформило и кое не сака назад. Една личност која знае што сака и се стреми кон целта! Една поинаква јас.

Н. Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 илустрации колку навистина се менува врската по 10 години љубов (и неколку деца) Ако на почетокот на вашата врска „бегавте“ од неговата куќа затоа што ви се одеш...
Исчезнал во Бугарија, снимен е како бега од аеродром во Варна: Мистеријата зад „најпознатата исчезна... Во 2014 година, Германецот Ларс Митанк отишол на одмор во Варна, Бугарија. Но, к...
„Се разбудив за време на операција – немаше болка, но ги чувствував рацете на хирургот во стомакот“ Многу луѓе се плашат од можноста да се разбудат среде операција. Ако и вие спаѓа...
10 моменти во животот кои засекогаш ја менуваат жената Првата љубовна разделба е болно, но важно искуство. Иако жената се чувствува изг...
Препарирани животни како украси, гости со морничави маски: Бизарни фотки од легендарниот бал на Ротш... Во 1972 година, наследничка од семејството Ротшилд организирала „надреалистичен ...
14 „тажни“ фотографии кои совршено го опишуваат понеделник „Стаклената врата од тушот се распрска ноќеска на илјадници парчиња. Понеделнико...

Најчитани неделава