Препарирани животни како украси, гости со морничави маски: Бизарни фотки од легендарниот бал на Ротшилдови од 1970-тите
Во 1972 година, наследничка од семејството Ротшилд организирала „надреалистичен бал“ на кој присуствувале некои од најмоќните и најпознатите луѓе во светот. Декорациите, за кои бил задолжен лично Салвадор Дали, вклучувале препарирани животни и морничави кукли, а поради целата атмосфера, до денес постојат теории на заговор дека настанот се случувало нешто вознемирувачко, како ритуал.

Семејството Ротшилд честопати е нарекувано едно од најмоќните во светот.
Денес можеби не се најбогатата династија, но факт е дека Ротшилдови имале и уште имаат големо влијание.
Поради нивната моќ, семејството честопати е инспирација за секакви теории на заговор, а бизарниот бал што го организирале во 1970-тите дополнително ги поттикнал шпекулациите за нив.
Таканаречениот „Надреалистичен бал“ се одржал во 1972 година во нивната палата позната како Château de Ferrière која е лоцирана во близина на Париз.
Покрај бизарните, па и застрашувачки декорации, и самите гости носеле морничави костими со животински глави и што уште не.
Истовремено, балот важи за еден од најпрепознатливите социјални настани од 20-ти век на кој присуствувале некои од најмоќните и најпознатите луѓе во светот.
А, за декорациите бил заслужен самиот Салвадор Дали.
Иако бил опишуван како собир на елитата, поради целата атмосфера, до денес се шпекулира за вистинската природа на настанот – некои го споредуваат и со сатанистички ритуал.
Детали за бизарниот бал:
Мери Хелен де Ротшилд, една од наследничките на семејството, била позната по раскошните забави кои привлекувале славни личности, но и аристократи, моќници и уметници.
Во 1959 година, кратко откако стапила во брак со баронот Гај де Ротшилд, Мери ја реновирала вилата Château de Ferrière и овде почнала да организира разни собири со светската елита.
Мери Ротшилд
На нејзините забави редовно присуствувале артисти, дизајнери, холивудски ѕвезди, па и членови од европските кралски семејства.
Но, балот што го организирала на 12-ти декември во 1972 година ги засенил сите претходни собири.
Поканите на гостите биле напишани наопаку, така што можат да се прочитаат само со огледало.
На гостите им било порачано да носат костуми или долги фустани и „надреалистични глави“.
Па, некои се појавиле со морничава шминка, некои со маски, а некои и со животински глави.
Слугите што ги пречекувале гостите биле облечени како мачки, а салата во којашто се одржувал балот била декорирана со пајакови мрежи.
Чиниите за јадење биле покриени со крзно, а масите биле украсени со пластични кукли и препарирани желки.