Науката открива - зошто сите ја сакаат Адел?

Првиот албум, издаден после 4 години, на популарната пејачка Адел го сруши рекордот на продажбата уште во првата недела. Во време кога луѓето не купуваат ЦД-а, новиот албум на Адел, насловен 25 е на добар пат да се продаде во најмалку 2,5 милиони примероци.

Naukata-otkriva-zosto-site-ja-sakaat-adel

Додека нејзиниот глас е тајната на нејзиниот успех, науката покажува дека нашата љубов кон популарната музика е во нашата ДНК. Адел не ја демонстрира само моќта на тажната музика, туку и на друга емоција: емпатија.

Иако Аристотел еднаш посочи дека големата уметност носи катарза - прочистување на несаканите емоции, неодамнешните истражувања нудат поинаква перспектива за тоа како нашиот мозок реагира на тажна музика. Во Њујорк Тајмс, истражувачите откриле дека музика полна со душевна болка, трагедија, и страдање буди различни чувства кај слушателот. Тие откриле дека тажните песни евоцираат „делегирани емоции."

Што точно значи ова?

Ова значи дека луѓето кои се идентификуваат со емоциите на другите чувствуваат силна поврзаност со тажната музика. Тој процес е длабоко вкоренет во самиот процес на еволуција.

Тематски, Адел најчесто пее за носталгија, а таква е и музиката. Носталгија може да нè потсети тоа што некогаш сме биле, како да ги совладаме предизвиците од минатото, и кои сме ние во однос на нашите односи со другите. Потсетување на претходната врска во "Hello" на Адел е школски пример за моќта на емпатијата. Со навраќање на лекциите од пропадната врска песната ни нуди прекрасна алегорија за самољубие во сегашноста.

Овие идеи секогаш се криеле во музиката на Адел. Нејзината музика често се смета за депресивна, но како таква, она е потсетник на нашето патување, на нашиот пат да станеме луѓе какви сакаме да бидеме.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 чудни работи што луѓе ги нашле во продавница: „Го купува ли некој ова?“ Дали некогаш сте влегле во продавница, а да се изненадите од некои од предметите...
Станал опседнат со крими-серијата Dexter, па почнал да убива: Мрачната приказна за „убиецот Декстер“ Марк Твичер сонувал за кариера во филмската индустрија. Но, истовремено бил опсе...
9 луѓе кои направија вистински ремек-дела од сосема обични работи „Ќерка ми се заљуби во дизајн со жаба и печурки, па ѝ го извезав на грбот на едн...
Забавна фото-компилација: Мутирани растенија што изгледаат како од друга планета Велат дека е среќа ако најдете детелина со четири листа. Но, дали сте виделе со ...
Направила сообраќајка, викнала полиција, па исчезнала: Детали за еден од најпопуларните случаи на Ју... Пред нешто повеќе од две децении, Мора Муреј, која инаку била амбициозна студент...
Грешки во 30-тите години од животот за кои најмногу ќе се каете „Мислам дека најголема грешка е што луѓето не почнуваат да мислат за нивната фин...

Најчитани неделава