Направила сообраќајка, викнала полиција, па исчезнала: Детали за еден од најпопуларните случаи на Јутјуб и Редит

Пред нешто повеќе од две децении, Мора Муреј, која инаку била амбициозна студентка и примерна девојка, направила сообраќајка додека одела на непозната дестинација. Самата викнала полиција, но кога полицаецот пристигнал на местото, од неа немало ни трага ни глас. 

napravila-soobrakjajka-viknala-policija-pa-ischeznala-detali-za-eden-od-najpopularnite-sluchai-na-jutjub-i-redit-01.jpg

Исчезнувањето на Мора Муреј е случај што често се анализира на форуми како Редит.

Во 2004-та, тогаш 21-годишната Мора се јавила во полиција за да пријави сообраќајна несреќа.

Неколку минути подоцна, полицијата добила уште еден повик за сообраќајката, овој пат од возач на автобус кој споделил дека возачот била млада жена која иако вознемирена, сепак не била повредена.

Полицаец пристигнал на местото на сообраќајката помалку од половина час по повикот на Мора, но девојката ја немало никаде и оттогаш ѝ се губи секаква трага.

napravila-soobrakjajka-viknala-policija-pa-ischeznala-detali-za-eden-od-najpopularnite-sluchai-na-jutjub-i-redit-06.JPG

Која била Мора Муреј и што знаеме за нејзиното исчезнување?

Мора, чии родители се разделиле кога имала само шест години, пораснала во гратчето Хансон во Масачусетс.

Имала двајца браќа и две сестри, а уште од најрана возраст покажувала амбиции за успех.

Била истакната ученичка, се занимавала и со спорт, а по завршувањето на средно се запишала на Универзитетот во Масачусетс, на студии за медицински сестри.

napravila-soobrakjajka-viknala-policija-pa-ischeznala-detali-za-eden-od-najpopularnite-sluchai-na-jutjub-i-redit-7.JPG

Мора никогаш не била проблематична девојка, но три месеци пред да исчезне, била уапсена бидејќи користела украдени податоци од кредитна картичка.

Тогаш добила само условна казна и единствено требало да внимава на своето однесување во наредните три месеци.

napravila-soobrakjajka-viknala-policija-pa-ischeznala-detali-za-eden-od-najpopularnite-sluchai-na-jutjub-i-redit-10.JPG

Четири дена пред да исчезне, на 5-ти февруари, Мора водела емотивен разговор со една од нејзините сестри која била зависничка и имала проблеми со свршеникот.

Според очевидците, Мора била видно вознемирена од разговорот.

napravila-soobrakjajka-viknala-policija-pa-ischeznala-detali-za-eden-od-najpopularnite-sluchai-na-jutjub-i-redit-04.JPG

На 7-ми февруари, таткото на Мора дошол да ја посети. Според неговото сведоштво, заедно отишле во продавница автомобил, биле на вечера, а потоа тој отишол во неговата хотелска соба.

Мора, пак, го позајмила неговиот автомобил за да се врати во студентскиот дом, каде што ноќта имало забава.

Следниот ден, во раните утрински часови, Мора направила сообраќајка. Кога одела со автомобилот кон хотелот на татко ѝ, Мора удрила во банкина на автопатот.

napravila-soobrakjajka-viknala-policija-pa-ischeznala-detali-za-eden-od-najpopularnite-sluchai-na-jutjub-i-redit-13.JPG

Автомобилот бил многу оштетен, но Мора била неповредена, а татко ѝ дошол на местото на несреќата и потоа ја однел во студентскиот дом.

Следното утро, на 9-ти февруари, Мора ги известила факултетските професори дека ќе оди дома бидејќи имале смртен случај во семејството.

Чудно е што нејзиното семејство подоцна има изјавено дека немало никаков смртен случај.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Тед Банди проба да ме убие кога имав 14 години – мислев дека гледам во демон, а не човек“ „Ме грабна за коса и ми ја стави главата под вода. Мислам дека бев под вода цела...
Мајка ѝ лажела дека е смртно болна за пари од донации, починала на 7 години: Тажната судбина на Олив... Во својот краток живот, на Оливија ѝ биле направени над 20 операции и постојано ...
„Вечерва Нова година ќе славам во пижами и (можеби) ќе заспијам пред полноќ“ „Нема да го пропуштам дочекот на Новата година, туку намерно ќе останам дома. За...
Татко ѝ изгорел 20 милиони долари кеш за да ја стопли, живее во страв: Каде исчезна ќерката на Ескоб... Мануела Ескобар имала само девет години кога татко ѝ Пабло Ескобар бил убиен. Па...
„Лицето ми беше уништено по напад со жилет – морав да се откажам од кариерата како модел, но сега су... На само 25-годишна возраст, Марла Хансон, која тогаш работела како модел во Њујо...
Ја силувал, ѝ ги отсекол рацете и ја фрлил во бездна, но се спасила: Потресната приказна на најсилна... Кога имала 15 години, Мери Винсент била силувана, а напаѓачот ѝ ги отсекол двете...

Најчитани неделава