Што се крие зад вашите несвесни цртежи?

Се чини дека малите цртежи, кои често ги правиме додека зборуваме на телефон или правиме нешто друго, можат да кажат многу работи за нашата личност.

Sto-se-krie-zad-vasite-nesvesni-crtezi

Погледнете што значат вообичаените цртежи, односно форми кои ги цртаме.

Човечки фигури

Ако цртате човечки фигури шансите се дека потсвесно се чувствувате беспомошно или сакате да се извлечете од одредени одговорности. Ако луѓето имаат многу детали тоа е знак дека сте емоционално нестабилни и затворени кон другите луѓе.


Лични мисли

Доколку на хартија ги пишувате вашите мисли тоа значи дека по природа сте себични. Изобилство лични, мисли и натписи напишани врз парче хартија во текот на разговорот е знак дека личноста која ги пишува поседува длабока интроспекција.


Квадрати, дијаманти и други геометриски форми

Тие се знак дека имате цврсти цели и убедувања, никогаш не ги криете вашите мислења од другите, и често сте упорни. Тоа е исто така показател и дека сте премногу претпазливи.


Кругови и прстени

Кружните објекти укажуваат на тоа дека имате желба да се поврзете со другите луѓе. Тие се знак и дека се чувствувате осамено и исклучено од остатокот од светот и дека не добивате доволно внимание од другите.


Животни

Животните се директен показател на емоциите и чувствата.

Тигар или волк - криете агресија;

Лисица - сакате да направите нешто итро;

Лав - супериорност во однос над сите околу вас.


Спирали, тркалезни форми и брановидни линии

Проблемите на другите луѓе не се многу важни за вас и вие не сте заинтересирани за нив.


Стрели

Ова е насока според која се водите во животот. Стрелка која покажува нагоре е знак дека сте ориентирани кон другите; стрелка која покажува надолу значи дека сте фокусирани на себе. На лево значи дека сте опседнати со минатото, а на десно дека гледате кон иднината.


Ѕвезди

Сакате да бидете во центарот на вниманието. Ова може да биде и знак дека сте депресивни.


Цвеќиња, сонце, облаци

Убави цвеќиња и сонце се сигурен показател дека сте задоволни со она што се случува во моментов. Фантазирате за нешто прекрасно што ќе се случува во иднината.


Крстови

Крстовите можат да укажат дека имате чувство на вина или дека имате одреден проблем поради кој се чувствувате одговорно.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 смешни ситуации во кои ќе се препознаат сите што барем еднаш биле во музеј или на изложба На изложбите со современа уметност не може секогаш да сте сигурни дали гледате в...
„Прво беше харизматичен, но стана насилен, ми ја запали целата облека – 2 години се подготвував да и... „Кога ќе си дојдев дома, ме испрашуваше, па кршеше предмети по дома, ме заклучув...
10 чудни фотографии, кои се совршени на свој начин „Никогаш не сфатив кај е телото на мајка ми на оваа фотка од детството“. „Ник...
„Дедо ми е педофил кој ми го украде детството - сите му се восхитуваа, само јас знаев дека е чудовиш... „Кога првпат почна да ме допира, не ми беше јасно што се случува. Се прашував да...
9 бонтон правила кои ги кршите дури и без да знаете, низ илустрации Не се заблагодарувате на луѓето, ги третирате келнерите како да ви се слуги... К...
5 бивши кои со своето однесување како самите да ве тераат да ги „мразите“ „Имав бивша која измисли дека е бремена, ми покажуваше лажни слики од ултразвук,...

Најчитани неделава