Имате страв од јавни настапи? Совети кои ќе ви помогнат да станете посигурни

Некои луѓе се плашат од јавни настапи или јавно говорење повеќе од сé. Тоа за нив е најлош кошмар, а кога замислуваат дека зборуваат пред толпа луѓе чувствуваат гадење. Се работи за длабоко вкоренет страв.

Imate-strav-od-javni-nastapi-ovie-soveti-ke-vi-pomognat-da-stanete-posigurni

Овие совети можат да ви помогнат да станете посигурни и засекогаш да се ослободите од стравот:

Многу луѓе имаат трема, но ако сакаат да се справат со истата, треба да дознаат од што всушност се плашат.

Некој се плаши дека ќе се посрамоти, а некој мисли дека ќе биде одбиен од страна на публиката. Сето ова води до потење, заборавање на зборови, проблеми со говорот...

Овој проблем може да се реши само доколку се соочите со вашиот страв. Пронајдете го она од што се плашите  и анализирајте го стравот. Публиката не го знае вашиот говор и она што треба да го кажете, тие ве гледаат и чекаат да го слушнат она што имате да го кажете. Нивното внимание е на вас, но подиумот е ваш. Вие ја контролирате ситуацијата.

Вежбајте дома, пред огледало. Не постои подобар начин да станете посигурни во себе. Кога ќе почнете да се чувствувате непријатно фокусирајте се на вашата интонација и бидете јасни.

Поканете ги и вашите пријатели да бидат дел од публиката. Кога ќе видите познати лица ќе се чувствувате побезбедно.

Делувајте природно и разговарајте со публиката, не треба да се фокусирате само на завршувањето на вашиот говор. Земете здив и бидете свои.

Ако го започнете вашиот говор со шега, тоа може да ја осветли атмосферата. Шегата веднаш ќе ја зголеми вашата самодоверба, а исто така ќе се чувствувате повеќе опуштено. Покрај тоа, на публиката нема да и биде здодевно и дефинитивно ќе обрнат внимание на вашите зборови.

Слушајте музика пред настапот. Пуштете си го омилениот артист, затворете ги очите и фокусирајте се на музиката.

Носете ја облеката во која изгледате добро, но не заборавајте да носите и удобна облека. Доколку настапот трае повеќе од неколку часа, сигурно нема да ви биде удобно во тесна облека или високи потпетици.

Комбинирајте ја облеката во зависност од настанот, но гледајте да се чувствувате добро во истата.

Бидете подготвени за грешки, грешките позитивно влијаат врз луѓето, бидејќи е нормално да се направи грешка. Со ова докажувате дека сте размислувале за она што го зборувате.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

16 пати кога фотографиите покажуваат илузија многу поинаква од реалноста „На прв поглед си помислив дека се проѕирни, а не дрвени прегради“. „На прв п...
16 новогодишни декорации од TEMU до 500 денари - ќе ви внесат магија во домот Некои работи ќе ве чинат 100 денари, некои 500, но дефинитивно може да најдете с...
Мрачната тајна на девојките во Дубаи кои се фалат со раскош и луксуз „Некои девојки имаат и по пет, шест клиенти во една вечер. Заработуваат многу и ...
9 реални илустрации колку се менува животот на жените кога имаат 20 vs. 40 години Со годините доаѓа и способноста за поставување граници во комуникацијата со коле...
Детали за најчудниот љубовен триаголник во НАСА: Астронаутка со чекан и пиштол сакала да ја убие љуб... Само неколку месеци откако се вратила од Меѓународната вселенска станица, астрон...
Жена со месеци ѝ праќала вулгарни пораки на ќерка си од скриен број: Приказната зад хит документарец... Повеќе од една година, тинејџерка и нејзиниот дечко добивале вознемирувачки, вул...

Најчитани неделава