Мрачната тајна на девојките во Дубаи кои се фалат со раскош и луксуз
„Некои девојки имаат и по пет, шест клиенти во една вечер. Заработуваат многу и постојано носат дизајнерка облека, дизајнерски чанти, убав накит…“ – раскажува вработен во хотел во Дубаи кој честопати гледал како богати мажи најмуваат проститутки.

Денес Дубаи е синоним за луксуз и раскош, па не е ни чудно што привлекува луѓе од целиот свет.
Некои само сакаат отидат и да уживаат, но други, особено млади девојки како модели и инфлуенсерки, се надеваат дека овде ќе им се насмевне среќата.
И, додека некои можеби навистина успеваат, други остануваат заробени во светот на проституцијата која, реално, во Дубаи е јавна тајна.
Иако Емиратите се муслиманска земја каде дури и сексот надвор од брак се гледа како криминал, надлежните премижуваат на проституцијата бидејќи сепак им носи многу пари.
А, и многу туристи одат во Дубаи само поради секс индустријата.
Проститутките се лесно достапни, но само ако туристите знаат каде да ги побараат. Па, новинар од The Sun решил да направи истражување и посетил луксузен хотел во кој било јасно дека има и сексуални работнички.
Вели, во склоп на хотелот имало ноќен клуб, а за влезот платил околу 20 евра.
„Штом влегов внатре, ме пречека затемнета просторија полна со жени. Сите седеа или стоеја сами, бледо гледаа во една точка и пред нив имаше пијачка што не ја ни допираа.
Гласната музика го отежнуваше разговарањето, но мажите кои беа внатре постојано им зборуваа на жените“.
Тој вели дека штом седнал и нарачал пијачка, му пришла жена која му рекла:
„350 евра за цела ноќ и ќе правиме што сакаш“.
Тој ја одбил, па почнал да разговара со неа и дознал дека била уметница од Техеран, Иран, која морала да побегне од својата земја.
Новинарот ја замолил и да ѝ каже нето повеќе за нејзината работа и како проституцијата е дозволена.
„Професијата е тешка бидејќи нема многу клиенти. Викендите има повеќе работа бидејќи доаѓаат туристи. Познавам некои од другите девојки овде, но не сме пријателки, туку ривалки …
Овде законите се строги за дрога, но не за секс. Дрогата генерално не е дозволена, но сексот е различен.
Сè додека луѓето се на приватно место и не ги гледа никој, на никој не му е гајле што прават“.
Девојката му кажала на новинарот и за друг клуб со проститутки, па тој го посетил.
