Како да започнете разговор со непознати луѓе?

Решивте да запознаете нови луѓе, но малку сте срамежливи или не знаете како да го направите првиот потег?

Kako-da-zapocnete-razgovor-so-nepoznati-luge

Ако видите некој за кој мислите дека би можел да биде интересен и сакате да започнете разговор, ова се неколку совети како да го скршите мразот.

Бидете опуштени и отворени. Започнете со едноставни прашања, како: „Од каде си, дали често доаѓаш тука?“

Ако сте во можност, обидете се да направите контакт со очите. Ова е добар почеток. Бидете насмеани, допрете ги за рамо и стоите до нив.

Кажете нешто. Не е важно со што ќе го започнете разговорот. Држете се до општите теми. Не зборувајте за временските услови и промени, овие разговори се здодевни и укажуваат на тоа дека немате што да кажете.

Дознајте ги нивните интереси. Дали се занимаваат со некој спорт, какви хобија имаат и сл. Пронајдете заеднички теми за разговор.

Слушајте. Клучот за добар разговор е да знаете да слушате. Слушањето и поставувањето на прашања поврзани со работите кои ве интересираат е одличен начин да започнете разговор.

Дозволете им да ви поставуваат прашања. Споделете ги вашите интереси со нив, вашата омилена храна и сл. Целта е да не молчите, туку да пронајдете заеднички теми. Доколку разговорот не ви тргне во насока која ја очекувавте, обидете се да ја промените темата.  

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Искрени исповеди на жени: „Најголемата грешка што ја направив во младоста – не ја повторувајте и вие... „Се омажив со љубовта од факултет, што не беше грешка. Грешката беше што останав...
Од наследник во најмоќната американска династија, до ладнокрвен убиец: Кој бил Џон ду Понт? Џон ду Понт потекнувал од една од најбогатите и најмоќните династии во САД, но и...
„Ослабев 50kg со Оземпик - кога престанав да го користам, си ги вратив килограмите за 4 месеци“ „Јас сум меѓу првите луѓе во Британија кои користеле Оземпик. Почнав во 2022-ра,...
10 фото-докази дека реалноста често може да нè разочара повеќе од очекуваното „Порачав играчка за кучето. Едно што не е иста, туку толку се плаши од неа, што ...
Фото-докази дека живееме во „бетонски“ урбан пекол Огромни згради, сивило и ниту едно дрво – дали сите поголеми градови ги претвора...
„Трипати ја измамив смртта – преживеав труење со гас, цунами и несреќа со сурфање, не знам како сум ... Сула од Англија, која денес живее на Ибица, во детството речиси го загубила живо...

Најчитани неделава