Прашања кои ќе ви помогнат да запознаете некого подобро

Поврзувањето со некој никогаш не е лесно. Но, ако сакате да ја разберете личноста подобро, обидете се со овие прашања до дојдете до одговорите...

prasanja-koi-ke-vi-pomognat-da-zapoznaete-nekogo-podobro-001.jpg

Иако незнаењето може да биде доблест во одредени ситуации, кога станува збор за поврзување со луѓето треба да знаете во што навлегувате.

Овие прашања се забавни, а можат и да ви помогнат полесно да ги проценувате луѓето со кои се дружите, затоа, обидете се, ништо не ве чини.

1. Што сакаат да пијат? Од евтино пиво, па до софистицирано црвено вино, скапи коктели и жестоко, нивниот избор на пијалак може да ви открие нешто повеќе за личноста.

2. Кого би прогонувале кога би биле духови? Со ова прашање можете да видите каков карактер имаат. Одговорите можат да бидат интересни, имагинативни или морбидни. Преку ова можете да донесете неколку заклучоци за карактерот на личноста.

3. Која е вашата најсрамна меморија? Повторно, вистинскиот одговор не е важен, важен е начинот на кој тие ќе пристапат. Ако кажат дека немаат такви спомени тоа може да покаже дека се премногу сериозни личности. Ако не се срамат да го споделат одговорот со вас, тоа значи дека се сигурни во себе.

4. Кој е најдобриот роденденски подарок што некогаш сте го добиле? Ова е добар начин да видите дали личноста е материјалист или повеќе сака креативни подароци.

5. Каков вид на кујна ви се допаѓа? Ова може да ви каже многу. Дали се софистицирани, сензуални или реални личности.

6. Каков вид на филмови ви се допаѓа? Ова е дефинитивно прашање на вкус. Дали сакаат акциони филмови, трилери, мистерии... Одговорот на ова прашање ќе ви покаже какви работи најмногу ги интересираат во животот.

7. Кои три гости би поканиле на вечера, живи или мртви? Ова може да ви открие со каков тип на личности сакаат да го поминуваат своето време.

8. Какви книги читате? Погрешен одговор е "не читам книги", во спротивно, ова е корисно прашање со кое можете да ги откриете културните склоности на лицето кое го прашувате.

9. Кога последен пат сте плачеле? Ако одбијат да признаат дека плачеле најверојатно се емоционална незрели или се премногу самоуверени.

10. Кој е вашиот најголем успех? Ова прашање ви нуди уште една можност да ги идентификувате луѓето како материјалисти или авантуристи.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фото-компилација: Како изгледале главните градови на земјите ширум светот пред повеќе од еден век? Поради впечатливата архитектура, можеби лесно би го познале Лондон на фотка од п...
6 психолошки трикови кои секогаш функционираат Направете пауза, макар и од минува-две пред да донесете одлука, а кога некој ви ...
Искрени илустрации во кои ќе се пронајдат сите над 30 години Ако во тинејџерските години и 20-тите едвај чекавме да излеземе во гласна дискот...
Фото-докази дека некогаш животот со цимер е вистински кошмар Неизмиени садови, преполна корпа со ѓубре, храна која стои во кујната со месеци ...
10 чудни работи што луѓе ги нашле во продавница: „Го купува ли некој ова?“ Дали некогаш сте влегле во продавница, а да се изненадите од некои од предметите...
Со години не видел сонце, минува 23 часа во ќелија: Каков е животот на Ел Чапо во затвор, по филмско... Озлогласениот наркобос Ел Чапо се наоѓа во затвор со максимално обезбедување, це...

Најчитани неделава